Граѓаните веќе 55 дена се на улиците, граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ толку денови преку протести и разни други активности кажува „НЕ“ за Тиранската платформа. Вчера на протестот беше промовиран македонскиот народен документ „Избори се за Македонија“.Еден од организаторите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Дарко Мијалковски, денеска во гостување во вестите на ТВ Нова, кажа дека тие имаат едно барање, а тоа е Собранието што побрзо да свика седница со единствена точка на дневен ред, распишување нови парламентарни избори, кои што ќе бидат во најкус можен рок.
-Македонскиот народен документ кој беше вчера прв пат јавно соопштен на нашиот 54-ти протест по ред, каде што сфативме дека идејата и целта на мнозинстовото од нашите поддржувачи е дефинитивно да се спроведат нови парламентарни избори во Република Македонија што е можно поскоро. За таа цел имаме значи уште едно барање од Собранието на Република Македонија, што побрзо да се свика седница со единствена точка на дневен ред, распишување нови парламентарни избори, кои што ќе бидат во најкус можен рок, тоа се главните барања кои што се содржат во македонскиот народен документ, изјави Мијалковски.
Тој кажа дека „За заедничка Македонија“ секој ден има се поголем број поддржувачи, граѓани кои стануваат свесни во каква состојба се наоѓа нашата држава
-Сметам дека како што гледате, бидејќи сите линии беа поминати, нема да дозволиме црвено-жолтата линија за крај да биде помината. Еве не 55-ти ден на улиците, повторно се организираме. Мене ме радува тоа што од ден во ден сме се побројни, имаме поголем број на поддржувачи, се повеќе луѓе стануваат свесни во каква состојба се наоѓа нашата држава, смета Мијалковски.
Мијалковски кажа дека граѓаните нема да дозволат составување на влада која ќе биде составена по желба на премиерот на Албанија Еди Рама.
-Апсолутно не се секираме дека ќе успееме да истраеме, единствено можам да им порачам на сите оние кои што го кочат процесот што побрзо да направат се за откочување на оваа политичка и институционална криза во која што се наоѓа нашата држава, бидејќи како што обелоденивме и вчера во најскоро време ние ќе преземеме одредени оперативно тактички методи, што во овој момент не можам да ги соопштам. Се разбира дека станува збор за демократски процес, еден мирен и фин демократски процес,кој што ќе продолжи од наша страна во насока на исполнување на нашите барања. Тоа е целосно отфрлање на тиранската платформа, ние како граѓанска иницијатива нема да дозволиме да биде избран претседател кој што не се откажал од тиранската платформа, нема да дозволиме составување на влада која ќе биде составена по желба на премиерот на соседна Албанија, Еди Рама, вели Мијалковски.
Тој кажа дека нема да прифаќаат никакви платформи, никакви барања, никакви уцени,никакви наметнувања од ничија страна
Новите парламентарни избори ќе ја вратат демократијата и демократските процеси повторно ќе оживеат во нашата татковина. Доколку некој повторно после тоа посегне по мирот и стабилноста на нашата држава и повторно почне да наметнува некакви услови за формирање влада, како што беше пример со тиранскава платформа, самата тиранска платформа ја гледам како уценувачки фактор за формирање влада, ние повторно ќе делуваме, повторно ќе излеземе на улиците и повторно ќе бараме нови избори, се додека сите оние работи кои не се стават во предизборниот период, за кои што народот ќе гласа не се спроведат веднаш по изборите. Не прифаќаме никакви платформи, никакви барања, никакви уцени,никакви наметнувања од ничија страна, бидејќи Република Македонија не ничија своина, таа е држава на македонскиот народ, не е држава на странски платеници, не е држава на странски амбасадори, затоа нема да дозволиме нивно мешање. Сметам дека ние, народот на Македонија треба да одлучиме во кој правец ќе оди нашата државаЕден од организаторите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Дарко Мијалковски, денеска во гостување во вестите на ТВ Н