Микробранова- тивок убиец или само обична печка?

Микробрановите печки ги има во речиси секој дом. Во овој динамичен начин на живот, тие ни овозможуваат практичност, функционалност, штедат пари и време, одмрзнуваат, затoплуваат и ни го олеснуваат животот. Но, на некои ова не им значи ништо бидејќи се уверени дека овој уред му нанесува на телото повеќе штета отколку корист. Во прилог ви ги преставуваме сите вистини и заблуди за микробрановите печки.
Како всушност работи микробрановата?
Микробрановата печка не произведува класична топлина како обичната печка, туку внатре во неа се создава магнетно поле кое го произведува електронската цевка магнетрон. Тие микро бранови се насочуваат во храната и предизвикуваат триење на молекулите на вода присутна во храната и на тој начин создаваат топлина која загрева и термички ја обработува храната.
Затоа храната која содржи повеќе вода се затоплува и пече многу побрзо од останатата храна. Микробрановата енергија се претвора во топлинска енергија откако храната ќе ја апсорбира, што значи дека храната не може да биде озрачена ниту на било кој начин уништена во микробрановата печка. Значи, не постои никаква опасност ниту за личноста која ракува со микробрановата печка, бидејќи микро брановите не се шират надвор, а нивната емисија се прекинува штом ќе се отвори вратата.
Целито текст можете да го најдете на najadise.mkВо прилог ви ги преставуваме сите вистини и заблуди за микробрановите печки.

Пронајдете не на следниве мрежи: