Мизрахи и Царовска во клинч, кој е за северна, кој не е… Чија е таблата бе луѓе??

Мизрахи и Царовска во клинч, кој е за северна, кој не е… Циркус за без пари


Од авион се гледа дека е во прашање кампања кога се работи за таблата во Министерството за труд… Нити едните се патриоти, нити другите. Еве на пример, кога се објави дека Мизрахи ја вратила „старата“ табла, која според некои е „исправната“ имаше бура од одушевување на социјалните мрежи. Воглавном кај подржувачите на Мицковски, кој од десничарите и патриотите ја црпи својата база на гласачи. И се беше добро се додека да се дигне „галама“, можеше да се користи моментов за да се пумпа базата. Но потоа стигнаа реакции од секаде, па дури и од Грција.

Ако намерата на Мизрахи беше искрена, нити по реакците на СДС, нити по реакциите на Грција немаше да го смени односот. Туку ќе требаше да излезе на наменски прес по ова прашање и да каже – ДА, МОЈОТ СТАВ Е ДЕКА ИМЕТО Е СМЕНЕТО НЕЗАКОНСКИ, НЕУСТАВНО И СЕ БОРАМ СО СВОЕТО МИНИСТЕРУВАЊЕ ЗА ТАА ПОЛИТИКА, тие постулати и не отстапувам, а затоа ја барам поддршката на гласачите.

Наместо тоа пак, Мизрахи рече дека таблата била на Царовска… Какво разочарување е ова за тврдокорните кои во неа за момент видоа борец. Не ми ти било тоа став нејзин или на партијата или на Мицковски. Туку таблата била на Мила. Некако се зашушкала во некое ќоше на министерството, па некој онака за мерак ја прикачил ако може да помине, предизборно…

А таа пак, Мила, веднаш се огради од таблата. И сега излегува дека таблата е ничија. Бидејќи сите се оградуваат од таблата. Се оградуваат од ТАБЛА НА КОЈА ПИШУВА ДЕКА СООДВЕТНОТО МИНИСТЕРСТВО Е ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА… Парадоксот на нашето живеење.

И така тргнаа во лов по нашите гласови. А ние кутрите нема да знаеме во текот на кампањата чија е таблата.

Еве како беше поздравена Мизрахи претходно, пред да се огради, за таблата. Сликата е од Фејсбук…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.