Интересна сторија се врти околу историјата на Лигата на Шампионите, а во самата сторија се италијанските овогодинешни претставници во елитното натпреварување, Милан и Јувентус.
Имено, кога годината завршува на „тројка“, еден од двата италијански тима игра во финалето од Лигата на Шампионите.
Минатиот пат на „Олд Трафорд“ пред десетина години, поточно во 2003-тата година играа и едниот и другиот тим.
Тоа финале во 2003-тата година му припадна на Милан, по 120 минути игра немаше погодоци, одлучи пенал-рулетот.
Но и во претходните децении кога годината завршува со бројот „3“, Милан или Јувентус играле во финалето од Лигата на Шампионите.
Милан во 1993-тата година изгуби во финалето од Марсеј, подоцна на французите им беше одземена титулата поради лажирање на натпревари од францускиот шампионат, но на теренот славеа тие.
Десет години порано, во 1983-тата година, Јувентус беше поразен, поразен од германскиот бундеслигаш Хамбургер со резултат 1-0. Една деценија порано и од Ајакс, во Белград со истиот резултат.
Во првото финале кое беше завршено со бројот „3“, во 1963-тата година, Милан ја освои титулата, ја совлада Бенфика со резултат 2-1.
Инаку, што се однесува до статистиката, Милан има седум титули, Јувентус две, но и двата тима вкупно имаат играно 18 пати во финалето од ова големо натпреварување, звучи импресивно, зарем не.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Интересна сторија се врти околу историјата на Лигата на Шампионите, а во самата сторија се италијанските овогодинешни