Владимир Милчин, доскорешниот прв човек на СОРОС во Македонија, вчера е одликуван „за заслуги за унапредување на Албанците“ од косовскиот претседател Хашим Тачи.Во своето обраќање, Хашим Тачи ја оцени Ослободителната војска на Косово (УЧК) како најважен национален проект и „најуспешна политичко-воена организација на 20. век“. Тоа, посочува Тачи пред присутните, „не би било возможно без вас, вашата жртва и братска помош“.
– Денешната церемонија е знак на благодарност кон борците и војниците кои ги дадоа животите во правичните битки на ОВК, за оние кои се бореа и кои пружиле отпор во нејзините редови- додаде Тачи, кој изрази благодарност на политичките активисти кои на време имале потребна визија, смисла и подготвеност да се ориентираат кон заштита на националните интереси.
Милчин се најде меѓу 100-те личности од Македонија кои вчера беа одликувани стотина лица, меѓу кои и лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи. Албанските медиуми пренесуваат извори од кабинетот на Тачи кои посочуваат дека церемонијата била во насока да ги обедини сите албански политички лидери во Македонија.
Одликувањето на Милчин не е изненадување. Минатата година организираше митинг на СДСМ на кое беа декларирани ставовите кои денеска се изборна платформа на СДСМ, двојазичност и промена на Уставот. На тој митинг присуствуваа и поддржувачи и членови на косовската бригада, на УЧК, како и нескриено се истакнуваа и симболите на Голема Албанија.
За потсетување, вистинскиот организатор и на протестот, а, како што се чини, и на политичката криза во земјата, беше Владимир Милчин. Секако, тука беа и придружните вокали во форма на граѓански здруженија, а заедничко на сите, вклучително и СДСМ, е тоа што, всушност, сите тие „се хранат“ од џепарлакот од Сорос, според раката на Милчин.
На митингот беше истакната и јавна поддршка за 113-та косовска бригата именувана по Исмет Јашари, чии членови и челни луѓе го предводеа упадот во Куманово една недела пред митингот. Во таа пресметка со терористите паднаа осум полициски животи. На тоа се надоврзуваат и симболите за идеите за Голема Албанија, со кои насекаде на Балканот се предизвикуваат инциденти, поткрепени и со скандирања за УЧК. Заев и СДСМ потоа ја почнаа кампањата кон албанските гласови.
Таквата поставеност не беше случајна, имајќи ги предвид денешните залагања и ветувања на лидерот на СДСМ Зоран Заев пред македонските Албанци.Во своето обраќање, Хашим Тачи ја оцени Ослободителната војска на Косово (УЧК) како најважен национален проект и „најуспешна политичко-воена