Милена Дравиќ заврши во болница и се наоѓа во лоша здравствена состојба

Славната српска актерка Милена Дравиќ (76) е хоспитализирана во една приватна болница во Белград каде и се вршат испитувања.На српската актерка по смртта на сопругот Драган Николиќ здравјето ѝ е нарушено, па лекарите одлучија дека е добро во овој момент да биде згрижена во болнциа и да има целосна нега.
Тим од најдобри лекари моментално се грижи за нејзиното здравје и се обидува да и помогне да ги надмине здравствените тегоби, кои се засилени поради загубата на сопругот, а на помош и пристигнаа и колеги од Франција.
Нејзините пријатели се надеваат дека наскоро ќе излезе од болница и ќе продолжи да го работи она што најдобро го знае и умее, а тоа е да снима филмови и серии.
Пред 7 ипол месеци почина нејзината голема љубов Драган и таа оттогаш се обидува барем малку да ја надмине болката.
Пријателите и колегите се трудат да и помогнат колку можат, а неодамна доби понуда да игра во филмот на Милан Караџиќ „Бисерот на Бојана“.На српската актерка по смртта на сопругот Драган Николиќ здравјето ѝ е нарушено, па лекарите одлучија дека е добро во овој момент да биде згрижена

Пронајдете не на следниве мрежи: