Миленко Неделковски: Државата и граѓаните одржаа лекција за хуманост!

Новинарот Миленко Неделковски цела недела бил на терен во поплавените подрачја во Скопје и денес прави споредба за тоа какви штети остави невремето и како е денес на истите локации.„Од саботата вечер 06.08 и неделата 07.08 безмалку секој ден сум во Стајковци.
Денеска 15.08 мора јавно да им честитам на сите државни институции, на Владата, на војската, на полицијата, на волонтерите, на градежната механиџација, ЕВН…
Од хаосот минатата недела и понеделник (кал, превртени аута, вода,, уништен автопат, одрони…) во рекорден рок ја санираа состојбата со патиштата, водоводот, струјата и безбедноста.
Автопатот оспособен, ЈСП функционира, улиците се перат со шмркови, куките и дворовите се дезинфицираат…
Ако споредиме со слични несреќи во други држави (Србија, САД…), нашиот систем и способност се покажаа како најдобри.
Нашата држава и граѓани повторно одржаа лекција за тоа како правилно и хумано се функционира.
Секако од погорнава констатација ги одземам СДСМ функционерите кои се смеат и исмеваат со ова. Кои се пијанчат на музика од Аца Лукас. Ги одземам и дежурните соросписки чирови. Тие кои мудруваат и даваат ум од собата со клима, наслонети на тастатура (наместо на лопата).
Уште еднаш, честитам на сите што ја сработија оваа работа во последните 7-8 дена“.„Од саботата вечер 06.08 и неделата 07.08 безмалку секој ден сум во Стајковци.

Пронајдете не на следниве мрежи: