Во предвечерјето на прославата на 20 годишнината од Олуја. Во предвечерјето од 20 годишнината на етничкото чистење врз србите во Краина од страна на хрватската војска. Во деновите кога меѓународната заедница се потсетува на масовните убијства во Сребреница, ама заборава на колежите правени од единиците на Насер Олиќ. Во деновите на Илинден кога констатиравме дека во Прохор Пчински веќе нема ниту најмал знак на историскиот момент од заседанието на АСНОМ, благодарејки на “братската“ српска црква.Во такви околности, подолниот текст нема намера да ја реши дилемата кој беше виновен и кој беше злосторник во воениот конфликт пред 20 години. Од сите три страни имаше зверови, криминалци, нелуѓе, касапи, убијци, воени злосторници. Од сите три страни српска, бошњачка и хрватска имаше терање на цивилно население во конц логори. Измачувања, силувања, убијства, масовни гробници…
Воведот е потребен за да покажам дека немам намера да фатам било чија страна во тој конфликт, и да бранам било кого.
Но сакам да потсетам дека во таа војна Македонија имаше недолжни жртви како Светланчо Наков и Сашко Гешовски. Имаше голем Генерал и хуманист како Драгољуб Боцинов… Но, имеш и воен злосторник во ликот и ДЕЛОТО на Мирослав Стојановски. Тогаш во 1991-ва Командант на одделение на воената полиција, подоцна во независна Македонија “награден“ за своите злодела со тоа што како кадар на Бранко Црвенковски станува Началник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија.
И вчера/завчера, значи на Илинден, на верскиот празник Свети Илија, албанското телевизиско гласило од каде редовно високите американски чиновници испраќаат пораки до МАКЕДОНСКИОТ народ, и каде кадрите на СДСМ си се чуствуваат како дома, дојде информација дека:
Генерал Мирослав Стојановски ќе ја засили опозицијата
Воен Злосторник и касапин ќе го засили СДСМ?! Одлично!!! Уште тоа не го имавме видено.
Видовме бугарин што не ја признава Македонија и МАКЕДОНСКИОТ народ како држи говор во среде Скопје на митинг на СДСМ. Видовме дека ќе не внеселе во НАТО и ЕУ за 6 месеци. Видовме дека ќе требе да ја виткаме кичмата. Видовме албански два прста во Дивље насеље, а не видовме сочуство кон загинатите полицајци. Видовме како заменик лидерката се пали на Драги Шпага. Видовме се, само уште човек кој спроведува цивили во логори од кои никогаш нема да се вратат, ами ќе завршат во масовни гробници – само уште тоа од арсеналот на СДСМ не го бевме виделе?!
На веста од албанското гласило, каде главен и одговорен уредник е муслимански радикален фундаменталист, се залепија сите соросписки портали, пренесувајки ја “радосната вест“.
Па така, “прозападно“ ориентираните новинари, гласила, фондации и партии ќе се засилат со лице кое учествувало во етничко чистење околу Вуковар, операција која од “западот“ е оценета како злосторничка. Операција во која “западот“ ги има осудено и окарактеризирано ЈНА и нејзините припадници во тој регион како Воени злосторници.
Како ќе се справат со оваа не-логика?! Запад, не-запад!!!
Про-западни сте, или про-српски (од времето на Милошевиќ и Кадиевиќ) сте?
Извор:infomax.mkВо такви околности, подолниот текст нема намера да ја реши дилемата кој беше виновен и кој беше злосторник во воениот конфликт пред 20 години. Од с
Пронајдете не на следниве мрежи: