Македонија има направено повеќе од доволно за да биде дел од НАТО, истакна конгресменката Кендис С. Милер од Мичиген вчера во Претставничкиот дом во американскиот Конгрес во говорот што го одржа за македонската заедница во САД во чест на 25-годишнината од независноста на Македонија.– Од 2001 наваму, Македонија е еден од најверните сојузници на Соединетите Американски Држави во војната против теророт. Македонија беше четврта држава во светот по бројот на испратени трупи по глава на жител во Авганистан. Македонски трупи исто така чуваа американски трупи во Босна и на Косово. За држава од нешто повеќе од два милиони жители, Македонија има направено повеќе од доволно за да биде дел од НАТО. Па така, Ве повикувам да ми се придружите мене и на 56-те мои колеги со кои ја спонзорираме Резолуцијата 56 во Претставничкиот дом за прием на Македонија во НАТО што поскоро, рече Милер која е член на Групата пријателство меѓу САД и Македонија во Конгресот.
Како што соопштија од Обединетата македонска дијаспора, конгресменката од Детроит каде што живеат голем број македонски иселеници во САД, се осврна и на како што рече достоинственото справување со предизвиците кои ги донесе бегалската криза.
– Со поддршка од САД, Македонија стана пример за стабилност во регион познат по етнички поделби и тензија. Се до почетокот на годинава, Македонија се соочуваше со бегалска криза каква што Европа не памети, односно со стотици илјади мигранти и бегалци од воените жаришта на Блискиот исток и во Северна Африка. За една година, се смета дека над милион мигранти поминале низ Македонија. Државните институции достоинствено одговорија на напливот од мигранти, преземајќи мерки како дневни возови за превоз на мигранти од јужната до северната граница. Република Македонија има потреба од континуирана американска поддршка за партнерството помеѓу двете земји да остане силно, рече Милер.
Таа воедно ги повика македонските лидери да продолжат со зацврстувањето на државните институции, како и со реформите во демократијата и владеењето на правото, посебно по најавените избори на 11 декември 2016, кои, нагласи, ќе бидат вистински тест за демократијата во Македонија.
Милер нагласи дека групата за пријателство помеѓу Македонија и САД ја започнала токму со цел да се зацврсти стратешкото партнерство помеѓу двете држави. Ја сочинуваат пратеници од обете најголеми партии во САД и е посветена на одржување и зацврстување на позитивниот и симбиозен однос помеѓу двете држави, како и за застапување на потребите и интересите на македонската заедница во САД.
Таа се осврна на достигнувањара на Република Македонија во изминатиот четврт век независност.
– Народот на Република Македонија изгласа на 8 септември 1991 формална независност од поранешна Југославија. Гласајќи за независност, народот одлучи дека е време државата да зачекори на демократски пат и да започне нова ера во својата историја. 25-годишнината од нејзината независност ни дава на сите нас прилика да го согледаме значајниот придонес на македонската заедница во САД, рече Милер.
Таа замоли и за минута молчење во чест на дваесет и четирите жртви од ужасните поплави што го зафатија главниот град на Македонија, Скопје, оставајќи стотици повредени и илјадници раселени. Потсети дека Владата на САД испрати повеќе од 50 илјади долари за да им помогне на жртвите од овие поплави, како и за поправка на училиштата во пресрет на учебната година.– Од 2001 наваму, Македонија е еден од најверните сојузници на Соединетите Американски Држави во војната против теророт. Македонија беше четв