Никола Илиевски – Џиџи, поранешниот селектор на Македонската сениорска фудбалска репрезентација, деновиве треба да биде промовиран за нов тренер Македонскиот шампион Вардар.
Вардар го разреши Милевски а на негово место доаѓа Никола Илиевски – Џиџи, ова е најновата информација која е поврзана со нашиот Македонски клубски фудбалски шампион.
Неофицијално, Милевски ќе остане во клубот но во други управи структури.
Според информациите кои ги пренесува „Дневник“, наводно Боби Милевски е изненаден од одлуката за негова смена поради тоа што Вардар ја освои есенската титула и се пласира во полуфиналето од Националниот Куп.
Што се однесува до новиот тренер, тој е добро познат на македонската спортска јавност, најмногу љубителите на фудбалот во Македонија го памтат по тоа што го направи еден од најголемите успеси во репрезентативната фудбалска историја на Македонија, 2-2 со Англија на гостински терен.
Фото: „Дневник“Никола Илиевски – Џиџи, поранешниот селектор на Македонската сениорска фудбалска репрезентација, деновиве треба да биде промовира