Павловиќ збеснала бидејќи Рада доцнела на снимањето на натпреварувањето на „Некои нови клинци“.Откако станало јасно дека Рада Манојловиќ ќе го напушти шоуто „Некои нови клинци“, нејзините колешки се опуштиле, а одредени го пуштија и јазикот.
„Сите членови на жирито коментираа дека Рада не е фер бидејќи не го почитува времето на останатите. Тие стигаат на време, но ниту едно снимање до сега не почнало на време бидејќи таа секогаш доцни. Некогаш доцни и по 2 часа. Милица беше најостра во тие коментари. Последен пат беше толку огорчена што кажа било што на сметка на Рада, па дури и дека е умислена селанка, што го слушнале и нејзините колеги, но и сите кои во тој момент се нашле во шминкерницата. Велеше дека вистинските ѕвезди секогаш доаѓаат на време, а дека оние умислените доцнат и дека Рада се однесува како шоуто да е нејзино“, раскажува извор.
Тој вели дека Павловиќ истакнува дека правилно ја цени Рада, но дека ѝ пречи размазеното однесување.
„Милица Рекла дека нема ништо против колешките, но дека не го разбира тоа непримерно однесување. Зоруваше дека ѝ смета и дека истото ќе ѝ го каже на Рада во лице. Сепак, до тоа не дошло бидејќи Манојловиќ и пред разговорот со Милица слушнала што се се зборувало во шминкерницата. Тоа ја повредило и затоа одлучила да го напушти жирито на „Некои мали клинци“, завршува изворот.Откако станало јасно дека Рада Манојловиќ ќе го напушти шоуто „Некои нови клинци“, нејзините колешк