Доналд Фрисе растел во сиромаштија, се трудел за да постигне повеќе во животот и кога седнал на прстолот одлучил своето богатство да им го подели на оние кои го заработувале заедно со него.„Немаше да успеам да го изградам сето тоа без моите работници и затоа сметав дека е фер дел од својата заработка да поделам со нив“, рекол Фрисе.
„Знаете како велат дека некои луѓе се родени да јадат од златна лажица. Јас дури и немав лажица“, вели 75- годишниот Доналд Фрисе додека седи во стерилнатa корпоративна канцеларија за конференции во Лос Анџелес.
Фрисе побегнал од сиромаштијата во која израснал во Пенсилванија во 1958 така што веднаш по завршување на средното училиште се пријавил во војска. Таму поминал три години, а потоа се преселил во Калифорнија со само 125 долари во паричникот.
Се вработил во складиште за индустрија за стакло како шести работник. Полека напредувал, се повеќе и повеќе, се додека не стигнал до местото партнер во компанијата. Кога во 1997 година се пензионирал, Фрисе ја купил другата половина од компанијата која до тогаш не ја поседувал. Со текот на годините постојано се проширувал, а потоа се впуштил во производство.
Денес компанијата дистрибуира повеќе од 65 илјади производи за индустријата за стакло.
Самиот вели дека фирмата произведува се освен стакло. Кога наполнил 70 години почнал да размислува како да ја одржи компанијата во живот во годините кои следат. Барал купувач и се одлучил за ирската компанија CRH.
Фрисе за компанијата добил 1,2 милијарди долари во кеш и 100 милиони долари во акции. Новиот купувач ги задржал сите 1600 работници. Кога го платил данокот на Фрисе му останале 885 милиони долари.
При тоа го задржал складиштето и дистрибуцијата низ центрите во САД, Канада, Европа и Австралија. Форбс ја проценил неговата вредност на милијарда долари.
За да им се заблагодари на своите вработени, одлучил да им исплати износ од 85 милиони долари како бонуси. Секој работник добил по 5 илјади долари.„Немаше да успеам да го изградам сето тоа без моите работници и затоа сметав дека е фер дел од својата заработка да поделам со нив“, ре



