Милијардерот Карлос Слим изненади: Доволно е да се работи само 3 дена во неделата за да цути економијата

Британско истражување докажа дека луѓето се многу поефикасни кога работат само три дена во неделата, односно два ипол дена кога температурите се високи.Неодамна, истото го препорача и еден од најбогатите луѓе во светот, мексиканскиот мултимилијардер Карлос Слим, според кој со три дена би имале повеќе време за релаксирање, односно за поквалитетен начин на живот.
„Луѓето денес живеат подолго, поздрави се и не се присилени на тешки физички напори. Денешната цивилизација бара повеќе знаење и повеќе искуство, а помалку физичка подготвеност. Мислам дека треба подоцна да се оди во пензија и да се работи три дена неделно“ – рече Слим во интервју за бизнис-агенцијата „Блумберг“.
Слим не го зборува ова од чист алтруизам, туку раководејќи се од работна логика – радикалното кратење на работната недела ќе поттикне отворање на нови работни места и ќе ја придвижи економијата. Ако луѓето имаат четири дена слободни во неделата, не само што ќе го подобрат квалитетот на својот живот, туку и ќе се зголеми растот на туризмот, индустријата на забава, култура, спорт и образование.
Карлос Слим е извршен директор на „Телемакс“, а од неодамна компанијата почна да склучува нов договор за работа според кој работниците ќе можат да се пензионираат на 50-годишна возраст, но имаат и опција да останат на работното место со целосна плата и четири работни дена.
Според „Форбс“, богатството на Слим се проценува на 80 милијарди долари, а исто така важи за еден од најголемите филантропи во светот.Неодамна, истото го препорача и еден од најбогатите луѓе во светот, мексиканскиот мултимилијардер Карлос Слим, според кој со три дена би имале пове

Пронајдете не на следниве мрежи: