Милионер од Италија е реален Кристијан Греј, но неговата настрана игра не завршила добро

Човекот кого го нарекуваат Кристијан Греј завел интелигентна и убава студентка на садо- мазо секс и ја навел да ги полее со киселина поранешните љубовници за да се „прочисти“.Александар Бечер (30) бил трговец со недвижнини и имал милиони. Инсистирал да го нарекуваат Крал за време на садо- мазо сеансите, а студентката Мартина Левато ја претворил во своја сексуална робинка која го исполнувала секое  барање.
Бечер, кој е женет за хрватска манекенка воспоставил таква контрола над 23- годишната Mартина што таа дозволила со скалпел да ѝ ги вреже своите иницијали на образот, за да покаже „вечна преданост“.
Сепак, дури откако почнале да изведуват  морничави напади над поранешните љубовници на Мартина, информацијата за застрашувачките работи кои ги прави поради него излегла од спалната соба.
Спречени се бидејќи го нападнале нејзиното поранешно момче Пјетро Барбини, со кого се забавувала додека одела на училиште и му го полеале лицето со хлороводородна киселина, а потоа го удирале со чекан. Момчето имало 10 кожни графтови и операции за да ги обнови очните капаци и носот после нападот.

Барбини се обидел да ја предупреди Мартина  и ја советувал да го остави Бечер, но таа го игнорирала, а потоа бил додаден на морбидната листа на која  биле и мажите кои едвај ги бакнала.
Сега Бечер и Мартина служат казна и зад решетки ќе останат  14 години поради своите злосторства. Судијата им рекол дека се поопасни од било кој мафијаш или терористи бидејќи „таму каде што би требало да им биде душата имаат вакум“.
Психолозите го окарактеризирале Бечер како садист кој сиромашната студентка ја залудел и ѝ велел дека е грда и дека мора да ослабе.
Оваа бринета е ќерка на двајца наставници по математика, а Бечер го запознала  во 2013 на вечера по латино танци. Тогаш веќе дипломирала по економија на Католичкиот универзитет во Милано и се дообразувала за мастер на чуениот Бокони универзитет.

 
Во меѓувреме Бечер живеел во луксузна вила од својата мајка. Откако се оженил со хрватската манекенка Горана, Бечер продолжил да има љубовници, а бил познат како богаташ кој редовно излегува на елитни места во Милано и се дружи со богаташи.
За разлика од Кристијан Греј, Бечер имал проблематично минато- зад добриот изглед и богатството, бил несреќен човек. На 14 години се обидел да се убие.
Полицијта во неговата секс просторија пронашла садо- мазо опрема. Бидејќи  нашле медицински скалпел и го прашале зошто е тука, Бечер одговорил дека „некои девојки го молеле да им ги изгравира своите иницијали на нивното тело“, потоа прашал дали е тоа злосторство.
Несреќниот татко на Мартина Левато рекол дека неговата вредна и умна ќерка се променила преку ноќ кога го запознала Бечер.

Полициските инспектори рекле дека Бечер бил посесивен и манипулативен и дека на Мартина ѝ праќал пораки од типот: „Толку си грда, но се вљубив во тебе: пенис и мозок.“. нејзиното тело било исполнето со траги од рани  од  цигари.
Девојката која учествувала во тројка со Мартина и бечер рекла: „Тој беше познат како секси фраер кој се шета по Милано со огромна сума пари. Но беше чуден- пушташе филмови во кои мажи со капи на глава колат пилиња. Одредуваше строги правила за тројка. Моравме да го задоволиме и додека одлучуваше каде можеме да го допреме со нас  правеше што сакаше “
Мартина и после се му останала верна на својот морбиден љубовник психопат, а оваа недела му родила и дете. Детето  го добило името Ахил, моментално е одземено и ќе биде посвоено.Александар Бечер (30) бил трговец со недвижнини и имал милиони. Инсистирал да го нарекуваат Крал за време на садо- мазо сеансите, а студентка

Пронајдете не на следниве мрежи: