Милитантите од ИСИС почнаа со користење на гас хлорин!

Минатиот месец, милитантите од ИСИС почнаа со користење на гас хлорин, за време на борбите со безбедносните сили и шиитските полицајци, во област северно од Багдад. Ова се објави веднаш по сличните извештаи од сирискиот пограничен град Аин ал-Араб, што покажува дека екстремистичката група додала хемиско оружје во арсеналот, кој веќе вклучува тешко оружје и тенкови,  ограбени од заробените воени бази.
Тројца ирачки официјални претставници – висок претставник за безбедност, локален официјален претставник од градот Дулуиј и официјален претставник од градот Балад – за „Асошиејтед Прес“ изјави дека ИСИС коритсти бомби со цилиндри, исполнети со хлорин, за време на судирите кон крајот на септември во двата града. Сепак, групата не успеа да ги освои Дулуиј и Балад, од кои двата се на одделеченост од околу 80 км северно од ирачкиот главен град.
Во нападите, околу 40 војници и шиитски полицајци беа погодени со гас хлорин и покажаа симптоми на труење со хлорин, како што се потешкотии при дишење и кашлање, изјавија тројата претставници. Војниците беа згрижени во болница и набрзо закрепнаа. Ова се објави веднаш по сличните извештаи од сирискиот пограничен град Аин ал-Араб, што покажува дека екстремистичката група додала хемиско оружје

Пронајдете не на следниве мрежи: