Напаѓачот на Интер, Диего Милито, до крајот на сезоната нема да настапува за својот тим, откако на мечот со Клуж се здобил со сериозна повреда на коленото.Аргентинецот, првиот меч од 1/16 финалето во Лига Европа, го завршил по само девет минути, кога на носилки бил изнесен од теренот.Повредата на Милито му задава големи главоболки на тренерот Андреа Страмачони, кој со тимот се обидува да избори пласман во Лигата на шампиони и евентуално да се вмеша во борбата за шампионската титула.Милито, оваа сезона, за Интер одиграл 20 натпревари на кои постигнал девет погодоци.
МакфаксНапаѓачот на Интер, Диего Милито, до крајот на сезоната нема да настапува за својот тим, откако на мечот со Клуж