Милко со концертна промоција на новиот албум

Со многу лиричност, музички и автентично преточено, ова е албум и звук за модерното урбано Скопје.Скопскиот бенд Милко ќе го промовира својот последен студиски албум насловен „Милко“. Концертната промоција е закажана за сабота, 20 февруари од 22 часот во Младинскиот културен центар во Скопје – денсинг сала 25 Мај.
Новиот албум на Милко можеби ја носи нивната најискрена и најдиректна музичка експресија до сега, што изобилува со имагинарен занес и креативна страст проткаени низ нивниот обид за јасна и вистинска, автентична дијагноза за градот и времето.
Милко се мелодичен инди бенд кој постои од 2006 година и досега имаат издадено два албуми „Луѓе“ и „Милко“, два мини албуми „Don’t let them win“ и „Changes“ и проект албумот „Никотин“ сите за издавачката куќа ПМГ Рекордингс – Скопје.
Во нивниот чист поп сентимент, врисокот на гитарите што предат во каскадата од вдахновен ритам, ја следат дистописката приказна која пак со автентична доза на компетенција и срце раскажува за насекаде херметичкиот и резигниран свет, за градот што не препознава херои, за личните идентитети, привиденија и соништа.
Албумот е снимен во студиото marryPHAT – Скопје, Mикс и мастеринг Ивица Јанкуловски, продуцент Ивица Јанкуловски и Милко. Фотографија и дизајн на омот Димитар Апостолов – Zewlean. Милко го сочинуваат Сашо Митревски на гитара и вокал, Стефан Терпини тапани, Филип Поповски бас гитара.
Гостин на песната „Ти“, Александар Ников – клавијатури. На концертната промоција ќе бидат отсвирени скоро сите песни и од претходниот албум „Луѓе“, но и од минатите изданија.
За љубителите на носачи на звук, на самиот концерт ќе може да се набави и ЦД од новиот албум по промотивна цена од само 200 денари за еден така софистициран сувенир. Билетите се во претпродажба само на касата на МКЦ по цена од 150 денари, а на денот на концертот по 200 денари.
Новиот албум може да се спушти бесплатно на следниот линк https://www.pmgrecordings.com/discography.php?id=136
Повеќе информации и на: www.facebook.com/МилкоMillko-124268517672948Скопскиот бенд Милко ќе го промовира својот последен студиски албум насловен „Милко“. Концертната промоција е закажана за сабота, 20 фе

Пронајдете не на следниве мрежи: