Милошоски: Црвенковски 12 дена, Заев еден ден

Давањето време за разгледување на предложената програма и влада е демократско правило и знак до јавноста дека новата влада е спремна за транспарентно и отчетно работење и има капацитет за и критики и за поддршка од политичката јавност. Но се чини социјалдемократот Заев не знае за демократија. Антонио Милошоски, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, на својот фејсбук профил го посочува скандалозното кратење на времето на првиот тест за транспарентно владеење! 
 
 
 

СДСМ и ДУИ повторно ќе демонстрираат насилство врз правилата за давање на време за разгледување на материјалите и јавна и собраниска расправа за избор на влада – денес се доставуваат предлозите, кандидатите за министри и програмата, а за утре (само 1 ден) е закажана седницата! Брзаат, кршат востановени правила, скандалозно го кратат времето на првиот тест за транспарентно владеење!
Времето  кое им се дава на пратениците, на јавноста, политичките партии и стручната фела да ги разгледаат и анализираат предлог владината програма и кандидатите за министри е време кое е потребно за согледување на предложеното, споредба со ветеното, проценки за предлог проектите од различни ресори, проучување на буџетските импликации на предлог програмата, увид во биографијата и политичкото и животното искуство на кандидатите за министри и подготовки на стручните и политички аргументи за гласањето за или против предложеното. Давањето време за разгледување на предложената програма и влада е демократско правило и знак до јавноста дека новата влада е спремна за транспарентно и отчетно работење и има капацитет за и критики и за поддршка од политичката јавност.

Колку време за разгледување на материјалите и предлозите за владата претходно даваа другите мандатари:– Б. Црвенковски во 2002г. = 12 дена– Н. Груевски во 2006г. = 12 дена– Н. Груевски во 2008/11/14г = 13 дена– З. Заев во 2017та година = само 1 ден!
Прво со насилство врз Деловникот Заев, Села & Талат гласаа за “октроираниот Претседател” и придонесоја за ескалација на тензиите во земјава. Анти-реформски!Сега со насилие врз демократските пракси повторно Заев, Села & Талат се обидуваат брутално да го ускратат времето за разгледување и јавна дебата по предлог-програмата за новата влада и кандидатите за министри. Анти-реформски!
 
 
 
 
 

Пронајдете не на следниве мрежи: