Ако господинот Зоран Заев лаже дека не постои договорена и прифатена платформа од Тирана, господинот Ејуп Халими не лаже. Ако госпоѓата Шекеринска лаже дека нема разговори за резолуција, за осуда на наводен геноцид врз Албанците, господинот Ејуп Адеми не лаже. Ако господинот Заев лаже дека не е разговарано за менување на Устав, на Закон, на територијална реорганизација, кантонизација, господинот Зијадин Села не лаже.Ова го истакна пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница.
-Ако СДСМ преку господинот Тунтев лаже дека платформа од Тирана не постои, граѓаните во Охрид и во Битола и во Скопје и во Струга и во Велес знаат дека платформата постои и некој кој што е уценет, аболициран, заглавен во криминал, за да се извлече себе си од судските процеси ја прифатил таа платформа за да се избави како личност и како политичар, рече Милошоски.
Немаме против, додаде Милошоски, никој да има своја платформа, но имаме против кукавички да ја подметнува после избори.
-Ако сакате платформата да биде верификувана, за неа да се разговара и да биде дел од проектите на било која идна влада или Собрание, излезете на избори и граѓаните нека се изјаснат. Не го лажете народот после избори. Пред избори зборевте за ефтина струја, а сега зборите за скапа платформа. Пред избори зборевте за минимална плата, а сега гледаме дека платформата е минимална уцена за некој да ја исполни личната амбиција да дојде на власт и да се спаси од судскиот процес, истакна тој.
Милошоски побара да добијат стенограм и да може да се продолжи со дискусија.Ова го истакна пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница.
-Ако СДСМ преку господинот Тунтев лаже дека платформа од Ти