Милошоски: Две години СДСМ ги лажеа граѓаните дека има фантоми во избирачкиот список

ВМРО-ДПМНЕ како и сите други политички партии го доби избирачкиот список од ДИК, откако беше прочистен според методологијата предложена од СДСМ. Веќе не постојат дилеми дека СДСМ е свесен дека овој избирачки список е истиот избирачки список од 2014 година, кога СДСМ ги изгуби изборите со околу 200 000 илјади гласа разлика, изјави денеска на прес-конференција Антонио Милошоски.Знаеја и претходно дека нема фантоми, но сепак ја креаираа оваа политичка криза и две години ги тормозеа и државата и граѓаните.
Избегнувајќи ја сопствената политичка одговорност од изборниот пораз СДСМ реши одговорноста да ја префрли преку политичката криза на целата држава.
Државната изборна комисија потврди дека по прочистувањето направено според методологијата која што ја бараше опозицијата на Избирачкиот список има 1 770 736 запишани гласачи, практично исто колку што имаше во 2014 година.
Се потврди тоа што го знаеа сите. СДСМ свесно и покрај тоа што имаше членови во ДИК ја излажа целата македонска јавност дека изборите во 2014 биле нерегуларни заради наводно нерегуларниот избирачки список. Изборите беа и ќе бидат регуларни, но не беше регуларно тоа што изборниот пораз СДСМ не успеа да го признае и истиот го префрли како политичка криза која што е товар за сите граѓани.
Видовме и самите дека не се координирани ниту во своите манипулации, па така слушнавме, еднаш од госпоѓата Шекеринска дека има 100 000 фантомски гласачи, друг пат од господинот Заев дека постојат 500 000 илјади фантомски гласачи, но едно е јасно- не постојат фантомски гласачи на избирачкиот список, постои само фантомски страв кај раководството на СДСМ од уште еден изборен пораз на 11 декември 2016 година. Сметаме дека тој изборен пораз ќе биде и последниот за некои политичари кои што досега не успеале да се соочат со својата одговорност во нивната партија.
СДСМ постојано иницираше конфликти и постојано ја одржуваше тензијата на политичката криза со се цел да го одложи соочувањето со народот и на нив да им  даде можност да го дадат својот суд и излезот, преку народната волја, од оваа политичка криза.
СДСМ упорно се трудеше да се пролонгира кризата и покрај тоа што беа свесни дека оваа политичка криза нанесе штета и на економските текови и на ефикасноста на институциите. Прашање е дали СДСМ токму тоа и го посакуваше,  со зголемена конфузија и неефикасност на некои институции каде што тие влегоа со свои кадри да придонесат дополнително во отежнувањето на политичкиот дијалог и во создавањето на понелагодна атмосфера.
Но, нивната порака е прочитана. Знаеме дека СДСМ сето ова го правеше за да избегне изборно соочување со народот. Очекуваа дека некој друг, дека некоја трета страна, дека некој надворешен фактор, ќе успее да им го компензира, тоа што тие го немаат како политичко раководство во СДСМ, да успеат да ја стекнат довербата на народот и да победат на избори.
Се виде дека СДСМ има единствена цел, и тоа краткорочна, да дојде на власт, па макар и со две или три функционерски фотељи, без да има избори само да се доберат нивните кадри до управување со одредени министерства.
Затоа СДСМ во целата оваа приказна ги вовлече и дел од медиумите. Затоа бараше воведување на цензура кај медиумите, затоа бараше да раководи со партиски кадар во МРТВ, затоа измислуваше диктатура и режим и тогаш кога тоа го правеа најгласно на сите национални медиуми.
Но, СДСМ сега е пред свршен чин. Гледаат дека ќе мора да се соочат со изборите и знаат дека граѓаните сакаат едно такво решение, каде што тие ќе го имаат конечниот збор за тоа на која политичка партија ќе ја дадат својата доверба.
Граѓаните се тоа го гледаат и го доживеаа и на своја кожа цело ова политичко тормозење во изминатите две години и затоа за помалку од 90 дена, СДСМ ќе треба да се соочи уште еднаш со изборната волја на граѓаните, со избирачкиот список кроен по нивна методологија, со регулативата за медиумите кроена по нивната методологија, со директор на МТВ даден според партиско решение на СДСМ и без било какви изговори да ги блокираат изборите или да ја одолговлекуваат кризата.
СДСМ ќе мора да излезе на избори и ова ќе бидат последните избори каде што едно деструктивно раководство на една политичка партија која што нема програма ќе се обиде преку манипулации да се бори за својот политички опстанок.
Ние сме сигурни дека на 11-ти декември оваа година демократската зрелост на државата ќе ја покажат, не само институциите туку и граѓаните на Република Македонија кои што масовно и референдумски ќе ја изразат својата политичка волја и со тоа ќе дадат доверба на политичките партии кои нудат проекти, а не кои нудат манипулации, на луѓето кои што нудат остварувања, а не на оние кои што нудат прислушкувани материјали.
И сметаме дека тоа ќе биде крајот на политичката кариера на оние кои што одлучиле со деструкција да се занимаваат со политика.Знаеја и претходно дека нема фантоми, но сепак ја креаираа оваа политичка криза и две години ги тормозеа и државата и граѓаните.
Избегнувај

Пронајдете не на следниве мрежи: