Како досега така и понатаму ќе се фокусираме на економијата и нови вработувања, истакна денес по средбата со жителите на Пештани, Антонио Молошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.-Во 2006 година имаше вкупно 560.000 вработени во Македонија. Денес, во 2016 година имаме 720.000 вработени луѓе, што е за 160.000 вработувања повеќе, резултат на нашата работа. Второ, во Охрид, во 2006 година имавме 12.000 невработени лица, денес како невработени во Заводот за вработување се водат 6.500 лица. Нашата партија ВМРО-ДПМНЕ, Владата на Р. Македонија, пратениците, економскиот тим, сите ние заедно сме успеале речиси да ја преполовиме невработеноста во Охрид. Тоа е најголемо уверување дека и во идниот период ќе работиме на оваа агенда, рече Милошоски.
Тој додаде дека додека СДСМ затворале фабрики во сите општини, ВМРО-ДПМНЕ е првата партија која отвора фабрики и се труди тоа да го направи во што повеќе општини.
– Ќе продолжиме како партија и после изборите на 11 декември, кога сме сигурни дека ќе ја освоиме довербата на граѓаните, да отвораме фабрики и да носиме странски инвестиции, нагласи Милошоски.
-Во 2006 година имаше вкупно 560.000 вработени во Македонија. Денес, во 2016 година имаме 720.000 вработени луѓе, што е за 160.000 вработувања пове