Дали Верушевски и Лазаревски ќе излезат од притвор? Ова го најави Фокус, кој е близок до СДСМ пред само една недела. Фокус напиша „Очекувано е дека ќе биде констатирано дека Специјалното обвинителство го презема предметот, што значи дека сегашниот обвинител ќе се повлече од процесот, а ќе го наследи специјалената обвинителка Катица Јанева. Со тоа се отвара можност Верушевски и Лазаревски да излезат од притвор.“, истакна Антонио Милошоски, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.Интегрален текст од прес-конференцијата на Милошоски.
Што напиша Фокус блискиот медиум на СДСМ, Катица Јанева реализираше. За само една недела.
Она што Зоран Заев го нарача и го нареди, Верушевски да се ослободи од притвор, Катица Јанева го исполни. Срамна и жална е леснотијата и ароганцијата со која Јанева поданички и додворувачки побрза да му удоволи Заев.
Одлуката на Јанева да не побара продолжување на притворот на Зоран Верушевски, првоосомничен во случајот Пуч, е скандалозна, неправична и многу опасна.
Дали Зоран Верушевски објасни на судот кој бил чадорот од скајп комуникација? Дали Зоран Верушевски објасни на судот што мислел заедно со другите осомничени кога меѓусебе најавуваа граѓанска војна во Македонија по урнек на Украина и леење крв по улиците?
Зоран Верушевски не откри ништо од ова на судот, а Катица Јанева го ослободи? Затоа оваа одлука е опасна.
Постојат сериозни основи на сомнение дека со ваквата одлука на Јанева, која значи непродолжување на притворот за Зоран Верушевски, тој може да изврши повторување на делото за кое се сомничи, и може да изврши влијание врз сведоците. Тоа се две основи за кои секогаш се бара притвор, и овие работи Верушевски може да ги направи и од дома.
Имајќи во предвид дека јавно е признаено дека Верушевски и Заев договарале бегство на Верушевски од Република Македонија, повеќе е од извесна опцијата дека сега кога Верушевски не е во притвор, тој може да стане недостапен на органите на прогонот, особено во ситуација кога министер за полиција е генералниот секретар на СДСМ. Извесност на опцијата за бегство од земјата е третиот основ по кој задолжително се определува притвор.
Со оваа своја одлука, која не е базирана на аргументите, Катица Јанева наместо во интерес на правдата делува во интерес на попречување на правдата.
Со оваа одлука, Катица Јанева настапи како бранител на Зоран Заев и Верушевски, обвинети во истиот случај.
Со оваа одлука Јанева нанесе непроценлива штета на правниот поредок во Република Македонија на правната пракса, и оваа одлука претставува невиден срам за целокупната јавно-обвинителска професија, и за тој срам е одговорна лично таа и тоа е факт кој ќе остави трага и кој нема да може да се избрише, но тој факт ќе биде поврзан лично со неа и со никој освен неа и таа треба да биде свесна за ова што го прави.
Јанева од денес во очите на целокупната јавност претставува само класичен партиски апаратчик на СДСМ, и таа треба да живее со тоа. Македонија издржала и потешки апаратчици од неа.
Од овие причини кои се очигледни за целокупната јавност, а кои потврдуваат и јасно прикажуваат тесна ко-ординираност на постапките на Јанева со Заев, и она што е најскандалозно извршување на наредбите кои ги дава Заев од страна на Јанева, ВМРО-ДПМНЕ веќе не верува во независноста на Јанева.
ВМРО-ДПМНЕ изразува сериозна резерва кон секој чекор кој ќе го преземе Јанева во иднина, како во поглед на нејзината непристрастност, така и во поглед на законитоста на нејзините дејствувања.
Очигледно се потврдија сите информации во јавноста за тесна врска и координираност помеѓу Јанева и Заев, како и дека Јанева и ќе делува строго по партиска наредба на СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека секоја наредна постапка на Јанева ќе биде, како и досега, директно мотивирана од политичката агенда на СДСМ и Заев, и дека наместо да дејствува непристрасно и објективно во функција на законот, таа ќе ги исполнува партиските наредби на СДСМ и ќе работи единствено во функција на политичкиот интерес на криминогеното раководство на СДСМ.
Жално е што мора да констатираме дека она што е очигледно за целата јавност, и во што долго време не верувавме, а имаше сериозни аргументи да веруваме, а тоа е дека Јанева падна на првиот испит за независност, законитост и објективност.
Јанева прерасна во класичен инструмент на Зоран Заев.
Катица Јанева ќе биде директен соучесник во противправни и кривични дела доколку Верушевски избега. Катица Јанева ќе биде соучесник во кривични дела доколку Верушевски располага со незаконски стекнатите материјали.
Јанева освен тоа што го крши законот во делот на непостапување во врска со материјалите кои произлегуваат од незаконското следење на комуникации а во моментов се кај Заев, таа прави и ново дело и бесрамно се става во функција на лидерот на опозицијата.Интегрален текст од прес-конференцијата на Милошоски.
Што напиша Фокус блискиот медиум на СДСМ, Катица Јанева реализираше.