среда, 25 ноември 2026
Најново

Милошоски: Кукавички поставена бомба во куќата на мојот татко, со цел да ги убие или рани моите родители

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

После избориве, криминално-политичкото подземје кое се инспирира од “бомбите на мадатарот за Живот”, почна да поставува вистински бомби со закани по живот кон неистомислениците!,  напиша на својот ФБ профил пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.Вчера вечер во с. Ижиште, околу 22 часот, екипи на МВР крим техника од М.Брод, Прилеп и анти-тероризам од Скопје успешно демонтирале бомба на задната врата во куќата на Татко ми, кукавички поставена со цел да ги убие или рани моите родители. Имале среќа и Божја рака врз нив, и Татко ми и Мајка ми, што не турнале посилно кога отварале, а откако тој видел за што се работи, уредно пријавил. Очекувам сторителите да бидат пронајдени од надлежните органи.
Заканата кон Татко ми ја сметам за индиректна закана и притисок кон мене, поврзана со мојата политичка активност и мислење. Но, нема потклекнување, ниту повлекување. Борбата, со демократија, со говор, со став, со патриотизам за Татковината, ќе продолжи со несмален ентузијазам!А за крими-политичкото подземје, една порака, не бидете удбашки кукавици, оставете ги на мира нашите стари, нашите жени и деца!Да живее Македонија!
Вчера вечер во с. Ижиште, околу 22 часот, екипи на МВР крим техника од М.Брод, Прилеп и анти-тероризам од Скопје успешно демонтирале бомба на задна

Поврзани вести