Неуставниот, незаконскиот и нелегалниот избор на Талат Џафери е прв ваков голем тежок преседан во историјата на Македонија, кој значи погазување на процедурата, на правото и на демократијата се со цел да се задоволат некои лични, политички или партиски амбиции. Ова денеска во изјава пред Собрението го порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.– Политичите партии без разлика дали се во опозиција или се на власт треба да имаат принципи кои се засноваат на Уставот, на Деловникот и законите доколку сакаме Македонија да биде стабилна држава која што ќе може да напредува и да работи во интерес на граѓаните, рече Милошоски.
Нагласи дека и пред да се случи незаконскиот чин, а и сега укажувале дека секој чекор што оди во насока на демонстрирање на политичко насилие без да се почитуваат Уставот, процедурите, законите и Деловникот само ќе ја одоговлекува политичката криза и не е во интерес ниту на државата, ниту на граѓаните како носители на нејзиниот суверенитет.
– Коалицијата „За подобра Македонија“ и сите пратеници коишто ја претставуваат како претставници на граѓаните и на народот многу единствено и многу едногласно дојде до овие заклучоци бидејќи лесно се гледаат и преку читање на Деловникот и законите и Уставот. Цениме дека како политичка коалиција треба да ги застапуваме интересите на граѓаните и на народот, бидејќи како политичка партија постоиме за народот. Имаме добиено мандат, ќе продолжиме да го правиме тоа со два приоритети. Првиот е интересот, стабилноста и напредокот на Република Македонија, а вториот унитарна, стабилна и демократска Македонија во која интересот на граѓаните е на прво место, истакна Милошоски.
Тој посочи дека процедурите во Собранието и почитувањето на Деловникот не се должни да го прават, промовираат или да го штитат луѓе кои не се дел од Собранието.
– Стабилна Република Македонија значи стабилно однесување на сите политичари или политички партии, а стабилно поднесување значи почитување на процедура, на демократија, на Деловник, на Закон и на Устав. Ако се направи еднаш негативен преседан заради политички амбиции или аранжмани, заради потпишана, прифатена или неприфатена платформа заверена во туѓа држава, тогаш тоа само ќе предизвика друг преседан, трет преседан и само ќе ја продлабочува кризата, потенцира Милошоски.
Затоа, додаде, сметаме дека стабилна Република Македонија значат стабилни политичари и политички партии коишто принципите, Деловникот, Законот и Уставот ќе ги почитуваат без разлика на тоа што добиле или што им е ветено дека ќе добијат.– Политичите партии без разлика дали се во опозиција или се на власт треба да имаат принципи кои се засноваат на Уставот, на Деловникот и зак