Оставката на Груевски ќе се прифати бидејќи ја најави како неотповиклива.„Денес ќе биде прифатена оставката на Никола Груевски, бидејќи претседателот ја најави како неотповиклива. Денес ќе се утврди дневниот ред на конгресот кој треба да го одржиме на 23 декември. Се надеваме дека денес ќе се утврди и рокот за доставување на кандидатури за избор на претседател на партијата“, изјави Антонио Милошоски член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека претпоставува оти кандидатурите ќе треба да се поднесат 12 дена пред Конгресот и да исполнуваат услови согласно статутот. „Статутот е тој што го имаат прифатено и изгласано сите членови. Делегатите ќе бидат исти, без да бидат менувани кои биле на претходниот Конгрес. Помалку е битно новото име за претседателот на партијата, повеќе е битен новиот концепт за делување на партијата со една здрава опозиција. Ќе видам дали ќе поднесам кандидидатура, има време. Важно е да имаме добар избор“, рече тој.„Денес ќе биде прифатена оставката на Никола Груевски, бидејќи претседателот ја најави како неотповиклива. Денес ќе се утврди дневниот ред на