Денес би сакал да одржам прес конференција која што е поврзана со еден обид за убиство на моите родители. После 3 годишното малтретирање на државата и граѓаните со објава на монтирани бомби изгледа дека некој реши да отвори нова страница во криминално политичкото дејствување на некои луѓе и да почнат да поставуваат реални, вистински бомби по домовите и куќите на политичките неистомисленици, изјави на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.Вчера во вечерните часови во куќата на моите родители во село Ижиште, каде што престојуваат секој викенд, и каде што многу често јас, брат ми со сопругите и нашите деца престојуваме исто така, откриена е поставена бомба монтирана на задната врата од куќата на моите родители. Имале голема среќа што при отварањето на таа врата, експлозивната направа не се активирала и екипи од МВР од Македонски Брод и Прилеп и антитероризам од Скопје дошле и ја демонтирале експлозивната направа.
Ова го сфаќам како закана и како обид за убиство на моите родители, а со тоа закана и притисок личен кон мене за моето политичко дејствување, затоа што никогаш до сега, откако е направена таа куќа од мојот дедо, па до ден денес, никој и никогаш на ниеден начин, ниту физички, ниту вербално немал никакви проблеми, ниту обиди некого да заплаши, а камо ли да се обиде да го убие по однос на моето семејство.
Политичките притисоци кон мене почнаа пред неколку недели, од страна на одредени институции како СЈО, за што од еден пратеник од Собранието од една друга политичка партија, бев предвремено предупреден дека ќе следуваат заради моето политичко дејствување и говор по однос на постапките на г-дин Заев и неговите штетни политики кон Република Македонија.
Нема да ме изненади и во следниот период ако вакви притисоци од одредени институции или надвор од институциите, кои што би можеле да загрозат нечиј живот или безбедност продолжат, но се надевам дека надлежните органи навремено ќе интервенираат и ќе успеат да најдат доволно докази и вакви сторители и нивните нарачатели или инспиратори, да бидат изведени пред лицето на правдата.
Во секој случај, тоа што сакам да го порачам денеска е дека без разлика на ваквите заплашувања и обиди за убиство, нема да има никакво политичко колебање во политичкиот настап, во слободниот говор, во искажувањето на ставовите што сметаме дека се од интерес за нашата држава, за сите граѓани и за сите институции во кои што делуваме.
Во интерес на истрагата која што сеуште се води не би сакал да давам никакви дополнителни податоци поврзани со овој настан, освен уште еден силен апел, да се реагира навремено, да се најдат сторителите и нарачателите за ова да не му се повтори на никого во Република Македонија, обид за убиство на родители на активен политичар, затоа што ако се случи еднаш и помине неказнето, ќе има и други жртви и други закани и ќе има поголеми штети за целата држава.Вчера во вечерните часови во куќата на моите родители во село Ижиште, каде што престојуваат секој викенд, и каде што многу често јас, брат ми со со