сабота, 28 ноември 2026
Најново

Милошоски: Петтата изборна единица ќе биде инфраструктурно градилиште

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Цела Петта изборна единица ќе биде градилиште на инфраструктурен план за што сведочи и механизацијата којашто е активна на изградба на автопатите, изјави денеска од Струга носителот на листата од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО – ДПМНЕ, Антонио Милошоски.Потсети на изградбата на автопатот Кичево – Охрид, која е во тек, како и на најавата за изградба на автопатите од Требеништа до Струга и од Кичево до Гостивар.
Носителот на листата во Петата изборна единица говореше и за изградбата на магистралниот гасовод од Битола преку Ресен до Охрид и Струга, а во втората фаза од овој проект од Охрид ќе бидат поврзани и Кичево и Гостивар.
– За Охридско-струшкиот крај посебно ни е важно да привлечеме уште неколку странски инвеститори и да ја продолжиме нашата стабилна поддршка за развој на туризмот преку субвенционирање на тур – оператори, кои ќе носат поголем број странски туристи во Република Македонија, рече Милошоски.Потсети на изградбата на автопатот Кичево – Охрид, која е во тек, како и на најавата за изградба на автопатите од Требеништа до Струга и од К

Поврзани вести