Милошоски: По предупредувањето дека многу зборувам, отворена истрага од СЈО за мене

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на социјалната мрежа Фејсбук објави фотографии на кои се гледа дека Специјалното јавно обвинителство почнува да врши притисок и врз него, но тој додава дека нема да го замолчат.-СЈО продолжува со нарачаниот притисок врз неистомисленици на Аболицираниот. После моите настапи на Топ Тема контра Оливер С. и во Собранието против Заев,– прво стигна предупредување од пратеник од СДСМ дека многу зборам,– а сега и истрага од Катица Јанева, која ги бара моите авиони и фирми кои ги немам!Само продолжете, нема да не’ замолчите!, пишува Милошоски на Фејсбук.

Во петокот Милошоски на Фејсбук информираше дека добил закана од колега од СДСМ – доколку не престане да го критикува Заев ќе заработи обвинение од Специјалното јавно обвинителство.

-После настапот на ТВ Телма  со Талат и Оливер С., и после дискусиите во Собрание деновиве, ми приоѓа еден колега од СДСМ и ми вика “ако продолжиш вака да го напаѓаш Заев, по телевизииве и на говорница не ти бега обвинение од СЈО; колку да си знаеш!” Му кажав и нему, ќе Ви кажам и Вам, бујрум и за Заев и за СЈО, јас ќе продолжам. Подобро да бидам обвинет заради родољубие , отколку да бидам награден за велепредавство, напиша во петокот Милошоски.
-СЈО продолжува со нарачаниот притисок врз неистомисленици на Аболицираниот. После моите настапи на Топ Тема контра Оливер С. и во Собранието проти

Пронајдете не на следниве мрежи: