Милошоски: Пратениците од коалицијата “За подобра Македонија” денес во Собранието ги реафирмираат следните позиции Пратениците од коалицијата “За подобра Македонија” денес во Собранието ги реафирмираат следните позиции:• секој Пратеник има мандат и должност да го почитува и штити Деловникот на Собранието, Законите и Уставот на Република Македонија• Ниедна политичка амбиција на политичар или политичка партија не дава за право за кршење на Деловничката процедура како дел од демократијата во Собранието• Обидот за избор на Претседател на Собранието со кршење на Деловникот и Законите е нелегален и ниеден политички притисок тоа не може да го покрие• Против пратениците Мухиќ и Мисовски, кои превземаа неделовнички дејствија и предизвикаа политичко насилство, ќе поднесеме кривични пријави до надлежните институции• На Македонија во овие тешки и многу чувствителни моменти не и потребен нелегален Претседател на Собранието, нелегална Влада и создавање на тешки политички преседани со формирање на паралелни институции спротивни на Уставот кои можат да предизвикаат штетни и непоправливи последици• Пратениците во Собранието имаат мандат од граѓаните, граѓаните се носители на суверенитетот во Република Македонија и нивниот став е најбитен, без разлика дали е изразен на избори или на демократски протести• Ниту политичкото насилство, ниту физичкото насилство во Собранието не се за оправдување, ниту пак заради насилни поединци некој има право целиот мирољубив народ да го нарекува терористи.Пратениците од коалицијата “За подобра Македонија” денес во Собранието ги реафирмираат следните позиции:• секој Пратеник има
Пронајдете не на следниве мрежи: