Во програмата на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ предвидени се вкупно 33 милиони евра за набавка на најсовремени медицински апарати и опрема за здравствените установи низ Македонија. Тоа денеска во Охрид го истакна Антонио Милошоски, носител на кандидатската листа на коалицијата „За подобра Македонија“ во Петтата изборна единица.– За здравствените установи во рамки на Петтата изборна единица предвидена е набавка на 930 медицински апарати, со вкупна вредност од 6,5 милиони евра, од кои три милиони евра за охридските болници и установи, рече Милошоски.
Тој најави и целосна реконструкција на Клиничката болница во Битола, обнова и реконструкција на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид, завршна фаза на реконструкција на Центарот за кардиоваскуларни болести во Охрид, како и реконструкција и опремување на болницата во Кичево.– За здравствените установи во рамки на Петтата изборна единица предвидена е набавка на 930 медицински апарати, со вкупна вредност од 6,5 мил