Додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт проектот „Македонија вработува“ ќе продолжи да ги дава поволностите за нови вработување. Ова денеска во Битола го изјави Антонио Милошоски носителот на кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ од ИЕ 5 по средбата со Комората на занаетчии.-Голем дел од овие занаетчии го искористија тој проект „Македонија вработува“ и успеаја и во своите занаетчиски фирми да вработат повеќе луѓе, а со тоа и да си го подобрат производството и пласманот, рече Милошоски.
Тој најави дека посебна важност за битолскиот регион ќе има новиот проект „Рурални развојни зони“ од програмата „РЕАЛНО“ на ВМРО-ДПМНЕ .
-Секој еден странски или домашен инвеститор што ќе сака или ќе биде во можност да инвестира во рурално подрачје надвор од градот ќе добие од 10 до 20 % поддршка од државата за капиталната инвестиција, ќе биде ослободен 10 години, 50% од придонесите што се за плаќање и 10 години нема да плаќа персонален данок и данок на добивка. Тоа значи дека и за секој вработен во тие рурални развојни зони во една фабрика што би ја отворил инвеститор би добил по 2000 евра еднократна помош, а доколку вработи лице кое што претходно било стечаен работник од времето на транзицијата 4000 евра еднократна помош, рече Милошоски.
Додаде дека околината на битолскиот регион со ваквите рурални развојни зони и поволности ќе стане една голема слободна економска развојна зона и ги повика сите оние кои што имаат бизнис планови во следните 5 години да ја искористат оваа можност.-Голем дел од овие занаетчии го искористија тој проект „Македонија вработува“ и успеаја и во своите занаетчиски фирми да вработат повеќ