СДСМ ги изгуби изборите, во недела повторно ќе изгуби и во Теарце, напиша Антонио Милошоски, носител на кандидатската листа во ИЕ 5 од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил од Лешок.-Почитувани душегрижници од раководството на СДСМ, немајте гајле…, ние како ВМРО-ДПМНЕ сме сите за ЕДЕН, ЕДЕН за сите, заедно со партијата, со народот, со Претседателот. Како резултат на таа сплотеност ве победивме по 10ти пат на избори, а народот Ви покажа што мисли за Вашата деструктивност и политички кризи. СДСМ ги изгуби изборите, во недела повторно ќе изгуби и во Теарце!Поразениот има право да се лути, и цивилизирана обврска да му честита на победникот!
И уште еднаш, не мешајте професија (адвокат, лекар, нотар, професор) со политички мандат. Иако имам решение за Нотар (по Закон во мирување), сепак со голема волја ќе учествувам во работата на Собранието, каде очекувам Заев и Шилегов да бидат дел од конструктивната опозиција!Vox populi, vox Dei!Поздрав од Лешок!Да живее Република Македонија!
-Почитувани душегрижници од раководството на СДСМ, немајте гајле…, ние како ВМРО-ДПМНЕ сме сите за ЕДЕН, ЕДЕН за сите, заедно со партијата,