Милошоски: СДСМ не сака да се одржат локалните избори

Членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски за телевизијата Сител вели дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев заедно со неговите идни коалициони партнери сакаат да ги откажат локалните избори. Причина за тоа е, вели Милошоски, СДСМ во моментот ги гледа реакциите на граѓаните и не се чувствува спремна да излезе на локални избори.
Тој посочува дека пратениците во Собранието, вклучително и тие на СДСМ имаа право да покренат иницијатива да продолжи седницата за избор на претседател на Собранието.
-Намерно беше одлагањето на таа Собраниска процедура, а истовремено одговорноста се префрлаше на Претседателот Иванов, истакна Милошоски.
Потенцира дека доколку некој се обиде да направи влада без да му биде доделен мандатот од Иванов, ќе направи преседан.
-Важно е дека Претседателот на државата во Уставот е запишан како институција и доколку некој реши да направи влада без да му биде доделен мандат, ако тоа го направи денес, тогаш секој утре од нас ќе може да го повтори истото на штета на уставното устројство на државата. Владата мора да биде направена од мандатар кој го добил мандатот од Претседателот на државата, потенцира Милошоски.
Според него, Иванов чесно си ја одработува задачата и како политичар и како граѓанин на Македонија.
-И токму затоа што е чесен, претседателот Иванов не може да биде уценет и не може некој да му се закани. Кога имате политичари кои што лесно ги уценувате и кои што се влезени во некои судски процеси, лични криминали или заедно со неговиот брат, како Заев, тогаш многу е полесно да ги уцените и да спроведуваат туѓи агенди. Се надевам дека Иванов ќе опстои на уставните надлежности кои му се доделени и дека чесно ќе се однесува кон самата држава која му дала мандат да биде Претседател, посочи Милошоски.Причина за тоа е, вели Милошоски, СДСМ во моментот ги гледа реакциите на граѓаните и не се чувствува спремна да излезе на локални избори.
Т

Пронајдете не на следниве мрежи: