Ставот на ВМРО-ДПМНЕ и тогаш и денес е јасен. Не се согласуваме со таквиот политички чин бидејќи политички цениме дека не беше потребно да се превземе ова уставно основан потег. Затоа и денес тврдиме дека она што го направи претседателот Иванов , законски е уставно, но политички не беше исправно, рече денес пратеникот Антонио Милошоски на собраниската седница по повод иницијативата за импичмент на Ѓорѓе Иванов.Милошоски во продолжение истакна дека СДСМ манифестира политичка дволичност односно според нив аболицијата на Зоран Заев од страна на Бранко Црвенковска е уставна, а помилувањата од страна на ИВанов се неуставни.
-СДСМ денес повторно манифестира една политичка дволичност и преку оваа иницијатива докажува дека на истиот Устав и на истите закони, но само со различен претседател, СДСМ има различен став. Врз основа на истиот Устав и закон СДСМ не реагираше ниту го оцени за неуставно, далеку од тоа да покрене импичмент , амнестирањето на Зоран Заев од страна на претходниот претседател Бранко Црвенковски. Тогаш СДСМ тврдеше дека тоа е уставно, дека е законски и дека е политички исправен потег. Денес го тврди обратното во истиот законодавен систем и за истата институција, претседател на Република Македонија. Според тоа се гледа дека СДСМ има различен став кога има различни личности на фукцијата Претседател на Република Македонија. Тоа што беше уставно за Бранко Црвенковски, според СДСМ не е уставно за Ѓорѓе Иванов, рече Милошоски.
Пратеникот Антонио Милошоски исто така на барањето на СДСМ претседателот Ѓорѓе Иванов да биде присутен, повторно кажа за дволичноста на СДСМ која што не сакаше Катица Јанева да се појави во Собранието и да го образложи извештајот за нејзиното работење.
-СДСМ бара Иванов да се појави во Собранието и ние немаме ништо против тоа. Истовремено СДСМ не сака во Собранието да се појави и Катица Јанева која што има законска обврска пред Собранието да даде извештај за своето работење, заклучи тој.Милошоски во продолжение истакна дека СДСМ манифестира политичка дволичност односно според нив аболицијата на Зоран Заев од страна на Бранко Црвенк