Милошоски: СДСМ сака да избега од избори со наметнување на нови услови

СДСМ знае дека се ближи 11-ти декември и се ближи датумот на кој што тие ќе треба да се соочат со граѓаните и СДСМ се свесни која доверба ја имаат односно ја немаат помеѓу граѓаните на Република Македонија, рече денеска Антонио Милошоски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на прес конфернеција како реакција на барањето на СДСМ за свикување на итна седница за донесување на закони, изменување на закони кои се однесуваат на мандатот, надлежноста и другите подзаконски акти поврзани со СЈО.-Знаат дека изборот на 11-ти декември да се одбере помеѓу деструктивна политика, шпионирање, нелегални материјали, правење на секакви сопки и изговори и изборот да се одбере стабилна политика, остварувања, проекти, и реална програма може да биде на голема штета на СДСМ, а во интерес на граѓаните на Република Македонија. Затоа СДСМ бара начин како да избега од закажаните избори или како да најде изговор одржаните избори, тие коишто би ги имале да не ги признае како валидни, рече Милошоски.
На тој начин ВМРО-ДПМНЕ го оценува барањето на СДСМ за измена на законите, за надлежност и времетраење и заштитени сведоци  кои се однесуваат на СЈО, вели тој.
-Ова барање за итна седница за измена на овие закони на СДСМ ќе му послужи единствено како барање кое што би биле надвор од оние договорени барања во договорот од Пржино, кој што СДСМ знае дека не можат да се прошируваат, ниту по содржина, ниту по време, ниту по надлежност и неисполнувањето на ваквите нови желби на СДСМ да му послужат на аболицираниот Зоран Заев да ги искористи како изговор за бегање од изборите или за непризнавање на изборите кои ќе се одржат на 11  декември. Исто така гледаме дека преку писмото упатено до амбасадорите  аболицираниот политичар Зоран Заев, најави уште од пред неколку дена, дека остава простор и гради изговори преку кои сака да се огради од изборите на 11 декември,  да ги избегне истите или истите да не ги признае.
Втора работа која што се забележува со ова барање за итна седница на Собранието за измена на законите поврзани со СЈО е дека СДСМ и СЈО се само две лица на една иста монета. СДСМ збори во име на СЈО и СЈО дејствува и превзема политички мотивирани акции во име на СДСМ или со единствена цел, да му помогне на СДСМ во својата политичка платформа и агенда во недостаток на реална политичка програма, рече Милошоски.
Единствената агенда на пратениците на СДСМ, појасни Милошоски, е исполнување на желбите на Катица Јанева, таа која што изјави дека Собранието која што ја избрало е нелегитимно и веројатно со тоа сакаше да предизвика некаков инцидент единствената агенда на Катица Јанева е да превземе дејствија кои што би му помогнале на СДСМ да го наруши високиот и стабилен рејтинг на политичкиот опонент, односно ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија.
-Со донесувањето на прочистениот избирачки список на површина излегоа манипулациите дека не посотојат 500 000 фантомски гласачи. Со работењето и новата методологија на агенцијата за медиуми се изби од рака изговорот на СДСМ  дека оваа агенција работи по нечив налог бидејќи  сега истата работи по усоглесена методологија која што ја бараше опозицијата. Сите тие работи кои што СДСМ ги побара, ги доби и сега бега од најголемата работа која што ја бараше СДСМ, а тоа се изборите на 11 декември.Затоа СДСМ поставува нови барања нови услови како што е сега барањето за итна седница на собранието за нови закони за СЈО бидејќи е свесна дека се надвор од политичкиот договор истите неможе да се исполнат нема основа да бидат пресретнати и на тој начин СДСМ ќе си создаде нови изговори зошто би имале причини да избегаат од закажаните избори.  Но нема да успеат во своите намери. Република Македонија нема да остане и понатаму заложник на кризата во која ја држи СДСМ, додава Милошоски.
Граѓаните на 11 декември ќе го дадат својот глас на оние политичари и политички партии кои што нудат реални и остварливи проекти, а не на оние кои нудат деструкција шпиунажа и секакви други неконструктивни работи. Затоа сметаме дека СДСМ со поднесувањето на барањето за итна седница за менување на законите за Специјалното јавно обвинителство само го потврди своето сознание за нискиот рејтинг, бидејќи СДСМ да веруваше дека може да победи на изборите на 11 декември, немаше да бара итна седница за сега да се менуваат законите за Специјалното јавно обвинителство, туку би победиле на изборите и како големи победници би ги смениле сите закони кои што тие ценат дека нив не им одговараат
-Но СДСМ бидејќи се свесни дека имаат малцинска поддршка кај граѓаните на Република Македонија, брзаат со вакви барања за итна седница и знаат дека тоа што е денешен сооднос во Собранието на Република Македонија ќе продолжи да биде ист политички сооднос и после изборите на 11 декември. Одговорот од страна на ВМРО-ДПМНЕ е дека нема основа за било какво дополнително проширување на веќе договореното, ниту за било какви анекс договори, кои што би му дале изговор на аболицираниот политичар Заев да избега од закажаните избори, заклучи тој.
-Знаат дека изборот на 11-ти декември да се одбере помеѓу деструктивна политика, шпионирање, нелегални материјали, правење на секакви сопки и изгов

Пронајдете не на следниве мрежи: