Денешниот прес ќе го одржиме тематски за госпоѓата Катица Јанева, работата на СЈО и непотизмот и партиските вработувања како одлика на Специјалното јавно обвинителство, порача Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Последната изјава на госпоѓата Јанева дека вработувањето на нејзиниот внук во Специјалното јавно обвинителство не претставува непотизам е врв на нејзиното потценување на граѓаните и лицемерие кон принципите за транспаретност и за праведно работење, додава Милошоски.
Во продолжение ја пренесуваме целата изјава интегрално:
Катица Јанева и нејзиниот тим не само што го претворија Специјалното јавно обвинителство во партиска испостава на СДСМ, туку без било каков пардон се повеќе симпатизери, внуци, роднини, пријатели и други луѓе, вдомуваат на државен буџет.
Со ваквите постапки, госпоѓата Јанева ги потврди мислењата на граѓаните дека СЈО не работи ниту професионално, ниту неселективно, туку претпочита партиска работа, политички активизам и роднински непотизам.
Катица Јанева заборава дека е избран функционер и дека не раководи со приватна фирма за да може да вработува кого сака и како сака, туку работи со државна институција основана од Собранието која што треба да даде отчет и пред институциите и пред граѓаните.
Катица Јанева призна исто така дека го вработила членот на СДСМ Борче Боки Трајковски, лице осудено за измама кое издржало една година затвор, но не кажа колку е морално истиот да биде дел од тимот на органите на прогонот и на ова обвинителство. Катица Јанева исто така заборави да каже колкава плата му определила на нејзиниот внук и дали внукот на Катица Јанева е најдобриот правник или економист во Република Македонија, за тој да мора да биде врабоотен во Специјалното јавно обвинителство за висока плата ?
Катица Јанева должи и други одговори за непотизмот и партизацијата на СЈО.
Дали е точно дека СЈО ја вработило и Берниса Рахиќ, ќерка на Есад Рахиќ, член и висок функционер на СДСМ?
Дали е точно дека СЈО ја вработила и Катерина Рамбабова чија мајка беше кандидат за пратеник од СДСМ, а нејзиниот татко беше споменуван во одредена афера бидејќи како судија имал членска книшка на СДСМ?
Дали е точно дека СЈО отпочнала со поширока акција за вработување и наградување на сите оние кои што учествуваа во платеничката револуција на СДСМ и Сорос? И во тој контекст дали извесен Пане Нацев од Неготино кој учествуваше во насилното демолирање и нагрдување на државни и културни објекти е дел од вработениите во СЈО?
На ваквиот начин на работење на госпоѓата Јанева не може да се каже дека СЈО ќе го гради кредибилитетот и дека Специјалното јавно обвинителство е независна, транспарентна и принципиелна институција.
ВМРО-ДПМНЕ го поддржа формирањето на СЈО, но немаме намера да поддржуваме и да оправдуваме вакви постапки коишто ја девалвираат правната фела, постапки на госпоѓата Јанева коишто ја девалвираат фелата на јавните обвинители и постапки преку кои што Специјалното јавно обвинителство станува партиска испостава и место за вработување на блиски роднини.
Затоа сметаме дека крајно време е СЈО да престане да води политички активизам и да стане професионална институција. И време е СЈО да престане да стануува место каде што роднините ќе се вработуваат наместо да биде место за стручни лица кои што ќе ја извршуваат својата работна задача.
ВМРО-ДПМНЕ очекува дека и другите партии, потписнички на договорот за формирање на ова обвинителство, ќе ги споделат овие критики, ќе укажат дека СЈО не е место за приватна забава, не е место за приватно вработување на роднини и на партиски лица. Тоа е нашиот став и сакаме да го споделиме со македонската јавност.Последната изјава на госпоѓата Јанева дека вработувањето на нејзиниот внук во Специјалното јавно обвинителство не претставува непотизам е врв на не