Специјалното јавно обвинителство уште еднаш покажа дека е продолжена рака на СДСМ. И овие денови го сменија стилот на работа, од читање на нарачани прес конференции, обвиненија против членови на ВМРО-ДПМНЕ, сега се префрлија во следна фаза на повикување на што е поголем број на членови на ВМРО-ДПМНЕ да дадат некаквии изјави, сведочења или искази под притисок или уцена, изјави на денешната прес конференција Антонио Милошоски, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение ја пренесуваме целата изјава интегрално:
Катица Јанева се обидува на секаков начин да му помогне на својот близок Зоран Заев и да ги убеди граѓаните дека пред избори наместо за економски теми, големи проекти треба да размислуваат тоа кој е повикан, а кој не е повикан во Специјалното јавно обвинителство. Но ова воопшто не е чудно бидејќи доаѓа од фабриката за афери во СДСМ којашто е во многу близок секојдневен однос и комуникација со Специјалното јавно обвинителство.
Затоа Катица Јанева изминатиот период ја засили својата активност „со истакнати кадри на СДСМ“ коишто имаа за цел да настапуваат што е можно побезобразно и подрско кон членовите на само една партија кон којашто таа е насочена тоа се членовитте на ВМРО-ДПМНЕ.
Катица Јанева виде дека претходното дејствување на СЈО не дава резултати на тоа како работи таа и какви политички, конструирани обвиненија поткренува. И сега реши да го смени стилот и затоа тргна во уште потворена кампања против ВМРО-ДПМНЕ.
Како што наближуваат изборите, паниката и загриженоста кај аболицираниот господин Зоран Заев се зголемуваат, така растат неговите барања СЈО да ја компензира неговата немоќ. И да превземе нешто што ќе му користи на СДСМ.
Ваквите обиди СЈО да повикува што е можно поголем број на членови на ВМРО-ДПМНЕ и да ги принудува да дадат некакви лажни искази или изјави нем да помине и ннема да успее да ги заплашат или демотивираат членовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Членовите од тимот на Катица Јанева се служат со истите незаконски методи, со уцени и лажни ветувања, се убедуваат да ги натераат граѓаните да се дистанцираат од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и да даваат лажни искази, како тече обично разговорот помеѓу некој од тимот на Катица Јанева и одредени луѓе кој што се повикани од ВМРО-ДПМНЕ, најчесто им викаат: „Никој нема да ти каже фала, доколку не дадеш соодветна изјава, биди паметен сега си повикан како сведок во СЈО и дај изјава како што ни е потребна, доколку не следниот пат ќе бидеш повикан како обвинет, тие нема да ти го гледаат семејството, ние можеме да ти помогнеме, ако дадеш добра изјава што ќе ни користи во обвинителството“.
На ваков начин со притисоци СЈО се обидува да натера луѓе кој што се поканети, а се членови на ВМРО-ДПМНЕ да дадат лажни искази во врска со одредени предмети, кој што СЈО политички ги конструирал.
ВМРО-ДПМНЕ сака да им порача на извршителите на овие задачи, на аболицираниот Заев, дека ваквите притисоци нема да поминат. Партијата во минатото се соочувала и со потешки притисоци и со поголеми предизвици и сите ги надминувала и излегувала и посилна и по обединета, така ќе биде и овој пат.
Правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ ќе им помогне на сите оние кој што биле предмет на сите оние кој што биле предмет на било какви уцени, закани или притисоци од СЈО. За наредниот период во СЈО се повикани поголем број на членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ и ние ги повикуваме истите да постапат согласно законот, да не подлегнуваат на притисоци кој што би можеле да ги доживеат во СЈО и да го пријавуваат секое незаконско дејствување.
Ваквото однесување на Катица Јанева и нејзиниот тим не е новина, само се интензивира пред овие избори на 11-ти Декември. Против тројца обвинители веќе беа поднесени пријави за сторено кривично дело: Малтретирање во вршење на службата, а против еден вработен во МВР, кој што исто така близок соработник на Заев и на Јанева е поднесена пријава за: Нудење на поткуп, за изнудување на лажен исказ.
Овој циркус и девалвирање на правната држава, би требало наскоро да заврши, крајот ќе биде со почетокот нна изборите и гласањето на граѓаните на 11-ти Декември.Во продолжение ја пренесуваме целата изјава интегрално:
Катица Јанева се обидува на секаков начин да му помогне на својот близок