Милошоски: Треба да се почитуваат законските прописи во ингеренциите на секој министер

– Претставниците на четирите политички партии потписници на договорот од Пржино денеска ќе ги продолжат разговорите за отворените прашања што го попречуваат решавањето на политичката криза. Поради отсуството од земјата на амбасадорот на ЕУ Аиво Орав кој е на консултации во Брисел, средбата ќе се одржи во резиденцијата на американскиот амбасадор во Скопје Џес Бејли, пренсува МИА.Заменик-претседателот на Собранието и член на највисоките партиски тела на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски денеска изјави дека смета оти има можности да се најде одреден компромис доколку има политичка волја тој да се постигне и оти верува дека во следните неколку дена ќе има повеќе позитивни вести.
– Прашањата кои се предмет на дискусија не се пресложени да може да се решат, но сепак не треба да има повелкување на црвени линии и не треба да доминира егоизмот во преговорите, би требало повеќе да има прагматичност, но јас верувм дека во следниве неколку дена ќе имаме и повеќе позитивни вести, рече Милошоски.
Запрашан за позициите на неговата партија во врска ингеренциите на министрите во владата за спроведување на изборите, Милошоски рече дека треба да се почитуваат законските прописи во ингеренциите на секој министер и оти треба да биде јасно дека владата која што би се формирала според Договроот од Пржино е влада која има една основна надлежност, а тоа е дека треба да организира избори.
– Тоа не треба да биде влада која што ќе менува проекти, луѓе или кадровски состав или какви и да се други политики надвор од надлежностите на единственото важно прашање, а тоа е организирање на фер и демократски избори. Сметаме дека доколку сите страни се придржуваат до тој договор би можело лесно да се постигне, изјави Милошоски.
Во однос на датмуот за избори, Милошоски рече дека во ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека е важно политичките партии, особено СДСМ да кажат дали се подготвени за избори и дали сакаат да има избори бидејќи ги барале во претходните две години.
– Доколку се изјаснат дека сакаат да има политички избори и дека им веруваат на институциите кои ги раководат кадри од СДСМ, како ДИК, тогаш ние немаме никаков проблем да прифатиме изборно соочување и да дадеме шанса на граѓаните да одлучат за политичката ситуација во Република Македонија. Така што одговара секој оној датум кој што СДСМ смета дека е соодветен под услов тие да се согласт дека ќе ја признаат изборната волја на граѓаните, изјави Милошоски.
Потпретседателот на Собранието, кој денеска имаше средба со неговата колешка од Шведска рече дека во вакви моменти на Македонија и е потребна поголема поддршка, оти политичката криза не треба да биде изговор за одбегнување на темата Македонија туку мотив повеќе Македонија да биде тема на разговори и на одредени пораки и поддршка која што може да ја добиеме.
– Мое мислење е дека доколку има добра политичка волја може да се стигне до договор. Договорот не треба да биде замислен како инструмент за борба за власт, туку да биде замислен како алатка за нормализирање на ситуацијата во која што не политичарите туку граѓаните ќе го имаат главниот збор, рече Милошоски.
Последната средба меѓу партиските претставници се случи во петокот. Тогаш амбасадорот на САД, Бејли изјави дека се зборувало за многу чуствителни прашања и оти за време на викендот партиите треба да размислат за овие прашања. Бејли кажа дека амбасадорите се оптимисти и дека доколку има политичка волја ќе се решат сите прашања.
На меѓупартиските средби присуствуваат Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шеќеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА, како и амбасадорите на САД и ЕУ. Денеска наместо Орав на средбата ќе посредува неговиот заменик.Заменик-претседателот на Собранието и член на највисоките партиски тела на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски денеска изјави дека смета оти има можности

Пронајдете не на следниве мрежи: