Речиси две недели по изборите, кога цел народ и сите граѓани, ги знаат изборните резултати и фактот дека СДСМ доби помалку гласови, а ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија освоија поголем број на гласови, Зоран Заев сеуште се обидува да манипулира со изборните резултати, истакна на денешната прес-конференција Антонио Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.Интегрален текст од прес-конференцијата на Милошоски
Не дека г-нот Заев не знае кој победи, а кој ги изгуби овие избори, тој многу добро знае, но претпоставуваме дека некој од горе, како што тој комуницира во своите смс пораки, му наложил така да се однесува. И тоа што се повикува на некаков црн 24-ти декември, на некои поранешни кризни ситуации, само е показател дека целта на г-динот Заев е со своето дејствување да продолжи да ја одржува во живот кризата во Република Македонија, која што тој ја создаде.
Донекаде и го разбираме, затоа што има потреба на неговите соработници на кои им ветуваше победа, да ги држи во кохезија и тој пораз да им го претставува како победа.
Истовремено, сметаме дека има потреба и за внатрепартиска консолидација ако се повикува на накои минати датуми во кои што пратеничките групи на СДСМ биле дел од некои кризни сценарија.
Но, политиките на креирање на кризи, диструкција и пазарења со националните интереси завршија на изборите на 11-ти декември.
Господинот Зоран Заев кој што често и лаже со кого се сретнал, дали со амбасадор, дали со конзул или со некој друг дипломат кога треба да одбегне судско рочиште, доби силен одговор од 455 илјади македонски граѓани, гласачи, со прочистен избирачки список верификувани од Државната изборна комисија и тој пораз на СДСМ ќе биде прокнижен и како негов политички неуспех, затоа што луѓето не сакаат да ги води аболициран криминалец.
Тоа што аболицираниот Зоран Заев се обидува да го спроведе во моментов е истото сценарио од пред 2 и пол години, а тоа значи насилно преземање на власта без признавање на волјата на народот и доаѓање до функциите по секоја цена.
Се обидуваат и со некои прегласувања да изманипулираат или да создат услови за фалсификување на волјата на народот но ВМРО-ДПМНЕ е сигурна дека и народот во Теарце без разлика на нашиот политички став е позрел од господинот Заев и ќе го победи и таму кај што треба да се прегласува.
ВМРО-ДПМНЕ му порачува на аболицираниот Зоран Заев крајно време е да ги прифатиш изборните резултати. Народот те слушна, народот те прочита и народот те порази. Не мораш да му честиташ на ВМРО-ДПМНЕ ако тоа за тебе претставува личен пораз, но господине Заев бидете доблесен и честитајте му на македонскиот граѓанин кој што достоинствено гласаше и направи достоинствена победа. Крајно време е да престане господинот Заев да сее раздор и конфликти помеѓу Македонците затоа што мнозинството Македонци ја донесоа својата изборна одлука и таа мора сите да ја почитуваме.
ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните излезе со своја платформа со своја програма и со свои ставови за економските и националните прашања. Ќе се држиме до нашите ветувања тоа е нашиот мандат и нема да отстапиме ниту милиметар од државните интереси на Република Македонија. Немаме резервна татковина и затоа сметаме дека Република Македонија е земјата која треба да ја почитуваме и да работиме за нејзин напредок и за стабилност.Интегрален текст од прес-конференцијата на Милошоски
Не дека г-нот Заев не знае кој победи, а кој ги изгуби овие избори, т