Милошоски: Загадениот воздух во Куманово е доказ дека сепак нема гасификација со која Заев се фалеше

Куманово, чиста политика и (нај)загаден воздух. Куманово вечерва го диши најзагадениот воздух во Европа, има 10 пати поголема загаденост од дозволеното (во 22ч концентрацијата на отровните ПМ10 честички е 504мг/м3, а максимално дозволената е 50мг/м3). Да беше кумановскиот градоначалник од ВМРО, досега ќе го расчеречеа “независните” невладини и медиумски приврзоци на СДСМ, напиша Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил.-Но бидејќи градоначалникот е од СДСМ, нема протести од добро платените Сорос-невладини, нема душегрижнички прилози за зголемена стапка на смртноста на медиумите блиски до СДСМ, нема “спонтани” протести против режимот кој го труе народот и најглавното …, се побива уште една лага за Заев, најзагадениот воздух покажува дека Куманово сепак НЕМА гасификација! Куманово е само еден тажен пример за дволичноста на СДСМ, кој и од (не)загадениот воздух прави политички поделби, напиша Милошоски.
-Но бидејќи градоначалникот е од СДСМ, нема протести од добро платените Сорос-невладини, нема душегрижнички прилози за зголемена стапка на см

Пронајдете не на следниве мрежи: