Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија бројот на живородените деца во градските подрачја лани изнесувал 13.357 деца или 57.9% од вкупниот број на живородени деца, наспроти 9.718 или 42.1% во селските подрачја.Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања по региони има Скопскиот со 34.9%, а најмало Источниот регион со 6.9%.
Просечната возраст на мајките еа 29.4 години во градските подрачја, а 27.7 години во селските подрачја. Просечната возраст кај првите раѓања изнесува 28 години во градските подрачја наспроти 25.3 години во селските подрачја. При првото раѓање, за 2.7 години е помлада мајката од селските подрачја.
Бројот на умрени лица во градските подрачја лани изнесувал 12.462 или 60.9%, наспроти 7.999 умрени лица или 39.1% во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупнот број умрени лица, по региони, има Скопскиот со 28,5%, а најмало Североисточниот регион со 8.5%. Бројот на умрените доенчиња во градските подрачја е 116, додека во селските подрачја 82 доенчиња.
Просечната возраст на умрените лица во градските подрачја изнесува 72.4 години, а 73.2 години во селските подрачја.
Учеството во природниот прираст кај населението од градските подрачја е 34.2% наспроти 65.8% од селските подрачја. Во три региони има појава на негативен природен прираст и тоа во: Пелагонискиот, Источниот и Вардарскиот регион.
Податоците за внатрешните миграции, во рамките на истиот регион, покажуваат дека најголемо учество од 34% имаат преселбите од село во град.
Во вкупните миграции на ниво на регион од село во град, најголемо учество има Североисточниот регион со 42.4%, додека во Полошкиот регион најголемо учество имаат меѓуселските преселби, кои учествуваат со 61.0%.
Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот регион, 1.700 лица, а најмало во Југозападниот регион – 57 лица.Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања по региони има Скопскиот со 34.9%, а најмало Источниот регион со 6.9%.
Просечната в