Oколу 300 проекти од сферата на инфраструктурата се реализирани минатата година во Општина Свети Николе.
Како што рече денеска градоначалникот Зоран Тасев во отчетот за сработеното, асфалтирани се 26 локални патишта, реконструирана е страта водоводна мрежа во Свети Николе во должина од над шест километри и се реконструирани околу два километра од канализациската мрежа.
– Инвестициската програма за минатата година во Општина Свети Николе изнесуваше 162 милиона денари, од кои 62 милиона беа обезбедени од буџетот на Општина Свети Николе, 53 милиони донации и грантови, а 47 милиони денари кредит од Светска банка. Меѓу позначајните проекти кои ги реализиравме би ги издвоил целосната реконструкција на улиците „Младинска“ и „Крсте Мисирков“ каде што е комплетно сменета водоводната и канализациската мрежа и е поставен нов асфалт. Овие две улици се во должина од околу два километра. Се гради и мостот кој беше урнат од поплавите и се уредува речното корито на Светиниколска река, информира Тасев.
Изградена е, додаде, и Градската капела, која во текот на овој месец треба да се стави во употреба, додека во сите села во Општината е решен проблемот со водоснабдувањето и се изградени нови улици и патишта.
Како капитални проекти за тековната година Тасев ги најави реконструкција на Градскиот пазар, инвестиција вредна 38 милиони денари, изградба на канализациска мрежа во село Мустафино, едно од најголемите во Општина Свети Николе, проширување на градинката во градот за дополнителни 100 легла и изградба на нова градинка во село Ерџелија.
Проектите за градинките, како што истакна градоначалникот, Општина Свети Николе очекува заеднички да ги реализира со Министерството за труд и социјала.
Програмата за изградба на капитални проекти во Свети Николе за 2017 година ќе изнесува 166 милиони денари. Тасев смета дека Свети Николе има услови за развој, а голем придонес ќе има и изградбата на автопатот Миладоновци – Штип, кој поминува покрај Свети Николе.
На новинарско прашање дали ќе се кандидара на локалните избори, одговори дека не ја исклучува можноста повторно да ја побара довербата од сограѓаните за уште еден градоначалнички мандат.Како што рече денеска градоначалникот Зоран Тасев во отчетот за сработеното, асфалтирани се 26 локални патишта, реконструирана е страта водоводна м