Минеко поднесе жалба на одлуката на тендерската комисија

Комисијата за доделување на концесии донесе одлука спротивна со законот за концесии за рудниците Злетово и Тораница.Минеко Обоени Метали Дооел, која е дел од Минеко Групацијата, поднесе жалба на одлуката за избор на најповолна понуда за доделување на концесии за експлоатација на минерални суровини за рудниците Злетово и Тораница поради кршење на тендерската постапка и неодлучување по законот за концесии.
Тендерската комисија при евалуацијата неосновано ја елиминираше Минеко Обоени Метали Дооел и со тоа ја прекрши тендерската постапка и ја оневозможи нашата компанија да учествува на електронското наддавање. На овој начин беше ограничена конкуренцијата во електронското наддавање со што не се постигна реалната цена за концесискиот надоместок, а со тоа и оштетен буџетот на Република Македонија.
По објавување на јавниот повик за доделување на концесија за експлотација на минерални суровини за локалитетите Злетово и Тораница, Минеко Обоени Метали Дооел уредно се пријави за учество и ја подигна тендерската документација. Пред истекот на предвидениот рок, 10:00 часот на 14 Март 2016, Минеко ја поднесе апликацијата како домашно правно лице, поднесувајќи ги сите потребни документи во согласност со условите во тендерската документација, вклучувајќи банкарски гаранции од 1 милион евра.
На јавното отворање на понудите одржано на 15 Март 2016, тендерската комисија констатира дека Минеко Обоени Метали Дооел доставил некомплетна задолжителна документација и истиот ден во 16:25 часот ни доставува неофицијално известување по електронска порака, кое гласи дека нашата апликација е одбиена, а со тоа нема да учествува во фазата за јавно наддавање која се одржа следниот ден, 16 Март 2016 во 10:00 часот.
Причината за елиминација на Минеко Обоени Метали Дооел е неприфаќање на доставената Информацијата за економско – финансиска состојба доставена бидејќи во истата е наведено дека постои „застој во наплата на побарувањата“ и „пренесена загуба“. Наведената причина за одбивање на понудата е неоснована бидејќи истата не кореспондира со условите утврдени во тендерската документација и законите кои го регулираат овој процес.
Минеко Обоени Метали Дооел во доставената Информација за економско-финансиска состојба докажува дека во текот на целиот анализирани период од страна на Централниот регистар на Република Македонија, 2013 и 2014 година, има „обезбедена финансиска стабилност, тековна ликвидност и позитивно работење“, што е во согласност со тендерските услови и законот.
Поради неоснованото елиминирање на Минеко Обоени Метали Дооел, тендерската комисијата во процесот на евалуација сторила суштински повреди на Законот за концесии и јавно приватно партнерство како и на Законот за Минерални суровини. Во жалбата доставена до Државната комисија за жалби по јавни набавки, нашата компанија бара поништување на одлуките за доделување на концесија и постапката на евалуација и повторување на истата во согласност со законите на Република Македонија.
Минеко Групацијата, како компанија во рударскиот сектор со докажани успеси и значително искуство во покренување на производство на рудници за олово и цинк во регионот, конкретно Гросс Доо во Босна и Херцеговина; Велики Мајдан Доо и Рудник Доо во Србија, со полно право сметаме дека бевме најсериозен кандидат за јавното наддавање спроведено за рудниците „Тораница“ и „Злетово“. Работата во сите наши рудници беше започната од сопрено производство, со значителни вложувања се надградија капацитетите, а луѓето се вработија.
Веруваме дека со неоснована елиминација на Минеко Обоени Метали Дооел, а со тоа и намалување на конкуренцијата на јавното наддавање, целта на овој тендер за одбирање на најповолен понудувач не е постигната. Слободната конкуренција во рударскиот сектор не само што ја гарантира селекцијата на најповолен понудувач туку и на најдобар партнер за Република Македонија во следните 30 години, кој ќе гарантира висока продуктивност и значитлен развој во рудниците и со тоа ќе обезбеди добро платени вработувања, безбедна работни места и здрава животна средина.Минеко Обоени Метали Дооел, која е дел од Минеко Групацијата, поднесе жалба на одлуката за избор на најповолна понуда за доделување на концесии за

Пронајдете не на следниве мрежи: