Министерката за култура г-ѓа Елизабета Канческа-Милевска во работна посета на Државниот архив на Република Македонија

Ве информираме дека деновиве во работна посета на Државниот архив на Република Македонија беше министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска. На средбата со директорот д-р Филип Петровски се разговараше за заедничките проекти во 2016 година, со особен осврт на истражувачката дејност на Архивот во странство. 
Министерката и директорот се договараа за големиот проект „Македонија во странскиот печат во 19-тиот и во 20-тиот век“. Првичните истражувања покажаа дека се работи за обемен материјал, недоволно проучен од научен аспект.

Истражувањатa се спроведуваат годинава во европските земји, во САД и во Австралија. Селектираниот материјал од истражувањата ќе се објави во повеќе зборници.
При првата официјална посета на ДАРМ министерката имаше можност да ги разгледа работните простории и новото депо на Архивот.

  
Министерката и директорот се договараа за големиот проект „Македонија во странскиот печат во 19-тиот и во 20-тиот век&ldq

Пронајдете не на следниве мрежи: