Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска во седиштето на НАТО во Брисел, учествуваше на Министерскиот состанок на Северно-атлантскиот совет (НАЦ) со земјите учесници во мисијата „Решителна поддршка“ во Авганистан.Како што соопшти МНР, присутните дадоа поддршка за продолжување на мисијата на НАТО во Авганистан која треба да продолжи и во 2016 година со цел обука, советување и поддршка на авганистанските безбедносни сили. Истовремено, беше акцентирана потребата од финансиската одржливост на безбедносните структури, поддршка на институционалните реформи и на процесот на Долготрајно партнерство, согласно заклучоците од Самитот на НАТО во Лисабон во 2010 година, се наведува во соопштението од МНР.
Македонското учество останува на истото ниво и во 2016 година. Во мисиите во Авганистан од 2002 година учествуваме со над 3.000 воени лица од Македонија. Покрај долготрајниот безбедносен ангажман, ситуацијата и понатаму е кревка и сериозните предизвици опстојуваат, се посочува во текстот.
Дополнително, во рамките на тековниот мигрантски бран, Авганистанците се втора најголема група, после бегалците од Сирија. Оттука, членките на коалицијата имаат уште поголем интерес за стабилизација на земјата.
На маргините на Министерскиот состанок Попоски оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Република Турција Мевљут Чавушоглу.
За време на средбата, двајцата министри разменија мислења за повеќе аспекти од билатералната соработка меѓу двете земји. Потенцирајќи ја успешната соработка на регионално и мултилатерално ниво, министрите разговараа за евроатлантските интеграции, актуелните предизвици во регионот и посебно за тековната бегалска криза, соопшти МНР.
На маргините на Состанокот, МНР Попоски оствари кратки билатерални средби со повеќе неговите колеги.Како што соопшти МНР, присутните дадоа поддршка за продолжување на мисијата на НАТО во Авганистан која треба да продолжи и во 2016 година со цел об