Министерот за здравство Никола Тодоров со факти денес одговори на барањето на СДСМ за негова интерпелација. Набројувајќи само дел од спроведеното, Тодоров им предочи на СДСМ дека катастрофалната состојба во здравството за која зборуваат, ја имало во нивно време, а не денес.Еве само дел од податоците со кои министерот Тодоров ги собори тврењата на СДСМ:
Меѓу позначајните реконструкции може да се издвојат:
Комплетно нов објект на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство. Станува збор за простор значително поголем од претходниот (кој зафаќа 12.000 м2, во споредба со 8.000 м2 од стариот објект), со што се овозможи осовременување и подобрување на болничките услови, како и поголемо задоволство кај пациентите, а воедно е зголемен бројот на амбулантски прегледи и хируршки интервенции кои се вршат во новиот објект. Клиниката е опремена и со нова опрема во вредност над 110 милиони денари.
Реконструкција на Специјална болница за белодробни заболувања и туберкулоза „Јасеново“ – Велес – Извршена целосна реконструкција на сите павиљони, надворешна канализациона мрежа, нова станица и инсталација за медицински гасови, во вкупна вредност од 126.375.433 денари. Комплетно нов Дијагностичко-ургентен центар во рамки на Клиничка болница Тетово, со кој значително се подигнува нивото на квалитет на здравствените услуги во овој регионален медицински центар кој покрива поширок регион во околината. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 191.063.368 денари.
Во Поликлиника Букурешт, во рамки на ЗД Скопје, извршена е замена на внатрешна столарија, замена на подови, обработка на ѕидови, внатрешно и надворешно осветлување и партерно уредување. Вредноста на инвестицијата изнесува над 25 милиони денари. Претходно е извршена и реконструкција на санитарни јазли. Изграден е комплетно нов објект за Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле.
Новиот објект на Институтот за белодробни заболувања кај децата опфаќа простор околу 6.700 м2, со капацитет од 104 кревети (со можност за придружба од 1 родител за секое дете). Станува збор за инвестиција вредна околу 7 милиони евра, според врвните европски и светски стандарди за здравствени услуги од оваа област. Ова е еден од најкрупните проекти во здравството, имајќи предвид дека постојниот објект е изграден во 1965 година. Во Поликлиника „Јане Сандански“ во рамки на ЗД Скопје е извршена замена на кров, санирање и завршна обработка на фасада.
Реконструкција на Поликлиника „Идадија“, во рамки на ЗД Скопје –Извршена реконструкција на санитарни јазли, замена на лифт, подови и замена на кров над детско одделение.Реконструкција на Општа болница Кочани – Извршена реконструкција на санитарни јазли и замена на подови на дел од објектот. Реконструкција на Општа болница Прилеп – Извршена е реконструкција на фасада, прозорци, санитарии и потстаница за медицински гасови.
Реновирање на Општа болница Велес – Извршено е целосно реновирање на втори и четврти кат во болницата, замена на кров во инфективно одделение и реконструкција на санитарните јазли во болницата. Вкупната вредност на инвестициите за ОБ Прилеп и ОБ Велес изнесува 98.000.000 денари. Реконструкција на Општа болница Гостивар – Извршена е целосна реконструкција на инфективното одделение и машкиот оддел на инфективно одделение, во вкупна вредност од 32.000.000 денари.
Реконструкција на Општа болница Тетово – Извршена е реконструкција на санитарни јазли, замена на подови и дел од фасадна столарија, инсталација за медицински гасови и обработка на фасада на објектите во состав на болницата.
Во Општа болница Струмица е извршена изработка на кров на инфективно одделение, замена на дел од фасадна столарија, реновирање и адаптација на простории во приземјето и доградба на дел за болнички амбуланти. Реконструкција на Општа болница Куманово – Извршена реконструкција на кровови и реновирање насанитарни јазли и болнички простории, замена на фасадна столарија и молерисување на четири болнички објекти, како и изработка на термо фасада на централниот болнички објект.
Реконструкција на Здравствен дом Пехчево – Извршена реконструкција на кров, поправки на оштетувања од протекување, молерисување на поткровје и адаптација на терасаво ЗД Пехчево.Вредноста на инвестицијата изнесуваоколу 1 милион денари. Реконструкција на Општата болница во Охрид– Извршена е реконструкција на хируршкиот блок. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 301.000.000 денари.
Реконструкција на Специјалната болница за гинекологија и акушерство во Чаир, Скопје- Извршена целосна реконструкција на новото крило и блок Д, во вредност од 86.061.823 денари. Во Општа Болница Струмица изградена е соба за коронарна нега и реновирани се две операциони сали. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 7.500.000 денари. Во Клиничка болница Тетово е извршена е замена на два стари дотраени лифтови со нови, а во Клиничка болница Штип – замена на еден стар, дотраен лифт со нов.
Реновирање на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, -Извршено е комплетно реновирање на дел од одделенијата во установата и замена на лифтовите во болницата.Во Универзитетска клиника за детски болести-Скопје извршена е замена на дотраените прозорците и санитарии во вкупна вредност од 40.000.000 денари.Во Општа болница Кочани извршена е реконструкција на системот за централно греење и котларата во состав на болницата.
Реконструкција во Здравствен дом Вевчани – Извршена е реконструкција на котлара, изведба на надстрешница над главен влез и замена на внатрешни врати на приземје. Вредноста на инвестицијата изнесува над 1.9 милиони денари.
Во Здравствен дом Валандово е извршена замена на изолација на кров и изработка на под од керамички плочки на проодни тераси. Вредноста на извршените работи изнесува над 6000 денари. Во Здравствен дом Ресен извршени се поправки на оштетени делови од фасадата, обложување на стреите и бојадисување на фасадата, во вредност од 79150 денари. Во Здравствен дом Штип извршена е целосна реконструкција и санација на санитарни јазли, замена на водоводна и канализациона инсталација и поставување нови плочки, во вредност над 2.7 милиони денари.
Во Здравствен дом Демир Хисар извршена е замена на кровна покривка од азбестни табли, дел од оштетени олуци и опшивки, како и замена на фасадна столарија на влезниот дел од објектот, во вредност од речиси 2 милиони денари. Здравствен дом Ростуше извршена е замена на фасадна столарија на приземниот дел од објектот, во вредност над 2.1 милиони денари. Во Здравствен дом Крушево извршена е замена на кровна покривка од азбестни табли, дел од оштетени олуци и опшивки, како и замена на фасадна столарија на северната страна од објектот, во вредност над 2.2 милиони денари.
Целосна реконструкција на Здравствен дом Радовиш –Кон крајот на септември 2013 година завршена е целосната реконструкција на стариот објект на Здравствен дом Радовиш, во кој се сместени службите за консултативни и специјалистички дејности и истиот е пуштен во употреба. Инвестицијата е во вредност од 8.299.588 денари. Во Здравствен дом Кавадарциизвршена е замена на кровна покривка од азбестни табли на дел од објектите, обложување на стреи, поправки на оштетени делови од фасадата, во вредност над 2.2 милиони денари.
Реконструкција на Здравствен дом Струга – Извршена реконструкција на кров, замена на кровна покривка, олуци и стреи, санирање на делови оштетени од протекување и молерисување, во вредност над 1.5 милиони денари. Реконструкција на Општа болница во Велес– Извршена целосна реконструкција на објектот за одделението за физикална медицина, во вредност околу 5 милиони денари. Во рамки на Универзитетска клиника за ендокринологија – Скопје, извршено ереновирање и реконструкција на објектот на Центарот за дијабетес во вредност околу 2.5 милиони денари. Реконструкцијата опфати комплетна замена на подовите, кровот, фасадата, реконструкција на санитарните јазли, изведување на шалтери и промена на инсталација.
Реновирање на Здравствен дом Крива Паланка – Извршено реновирање на санитарни јазли, замена на фасадна столарија, изработка на термо фасада, изработка на кров и влезна настрешница и адаптација и уредување на простор за Ургентен центар. Во Здравствен дом Прилеп е извршена замена на фасадната столарија, санација на оштетени делови на фасада и стреи, како и молерисување. Инвестицијата е во вредност околу 8.1 милиони денари.
Реконструкција на амбуланта во Лабуништа – Извршена реконструкција созамена на фасадната и внатрешна столарија, замена на подови, обложување на плафони и ѕидови, санација на фасада и бојадисување на внатрешни ѕидови, плафони и фасада. Вредноста на инвестицијата изнесува околу 1.2 милиони денари. Реконструкција на амбуланта во Кривогаштани – Извршена реконструкција на здравствениот објект и замена на внатрешна и фасадната столарија, во вкупна вредност над 2.6 милиони денари.
Во Здравствен дом Радовиш е извршена замена на фасадна столарија на централниот објект и приземните крила, а инвестицијата е во вредност околу 6.8 милиони денари. Во Здравствен дом Ростуше и амбулантата во Маврово извршена е санација на кров, фасада и оштетувања од протекување, замена на кровна покривка,дел од олуци и фасадна столарија, во вредност над 2.5 милиони денари. Реконструкција на Здравствен дом Делчево – Извршена целосна реконструкција и адаптација на дел од објектот за службата за Итна медицинска помош, изработка на пристап и настрешница на влезот во ИМП, како и адаптација и уредување на поранешните простории на ИМП за сместување на стоматолошки ординации. Вредноста на инвестицијата изнесува над 4.6 милиони денари.
По пет децении е реновирана амбулантата во Волково. По 53 години работа во субстандардни услови без ниту една сменета плочка и прозор, амбулантата во Волково доби реновирани простории за работа. Во амбулантата функционира и мобилна лабораторија, со што се скратува патувањето на жителите од околните села до поликлиниката во Ѓорче Петров.
Со проектот „Амбуланти во руралните средини‘‘ изградени се 21 амбуланта и тоа во следните места: с.Катланово – Скопје, с.Копаница – Скопје, с.Вејце -Тетово, с.Желино-Тетово, с.Каслишта – Гостивар, с.Шутово – Тетово, с.Локвица – Македонски Брод, с. Манастирец- Македонски Брод, с.Мислодежда- Струга, с.Франгово – Струга, с.Трсино – Виница, с.Калуѓерица -Радовиш, с.Мало Коњаре- Прилеп, с.Скудриње- Маврово-Ростуше, итн.
Тодоров не стигна да наброи се што е спроведено изминативе години во здравството, но ги поби сите тврдења на пратениците од СДСМ кои бараат негова интерпелација.Еве само дел од податоците со кои министерот Тодоров ги собори тврењата на СДСМ:
Меѓу позначајните реконструкции може да се издвојат: