Министерство за финансии: Опозицијата со лаги ги злоупотребува аукциите на државни хартии од вредност во пропагандни цели

Опозицијата со пласирање невистини и полувистини во јавноста ги злоупотребува аукциите на државни хартии од вредност во пропагандни цели, реагираат од Министерството за финансии.Реакција испратена од Министерството за финансии
Доказ за тоа е што и дополнителниот заменик министер за финансии Наумов и одредени медиуми, во настојувањето да прикажат дека државата се задолжува, испуштија да напоменат дека вчера во стопанството се вратени 12,2 милиони евра по основ на државни хартии од вредност.
Секаде во светот економиите издаваат државни хартии од вредност и тие се значаен дел од пазарот на капитал. Доколку опозициската СДСМ смета дека овој фискален инструмент е негативен, тогаш зошто го вовеле во 2004 година и организирале аукции.
Државните хартии од вредност се најсигурни хартии од вредност на пазарот на капитал. Затоа и побарувачката за нив е голема. Сепак, Министерството за финансии е прудентно и износите на кои ги издава државните хартии од вредност се далеку под она што се бара од инвеститорите. Согласно структурата на понудата и рочноста се носи одлука колку од дополнителната побарувачка од инвеститорите да се прифати. Големата побарувачка од страна на инвеститорите е доказ за нивната доверба во домашната економија и економските политики кои се спроведуваат од страна на Владата. Сите средства од нето повлекувањето со државни хартии од вредност остануваат на депозитната сметка.Реакција испратена од Министерството за финансии
Доказ за тоа е што и дополнителниот заменик министер за финансии Наумов и

Пронајдете не на следниве мрежи: