Министерството за култура ја изразува својата длабока загриженост поради елементарниот степен на непознавање на проблематиката со која за жал, како што велат, неуспешно се обидува да се занимава претседателот на Советот за култура на СДСМ -Роберт Алаѓозовски.Во продолжение следува интегрален текст од демантот на Министерството за култура
Во своето денешно обраќање до јавноста, Алаѓозовски само покажа дека СДСМ во моментов нема минимум стручен капацитет кој првенствено би ја разбрал проблематиката на заштита и конзервација на мозаиците во Хераклеја, пред да понуди било какви решенија. Како и во сите досегашни обиди за извртување на вистината за реалните состојби во културата, така и денес почитуваниот Роберт Алаѓозовски успеа да се заплетка во лавиринтот на својата нестручност кој резултираше со мноштво искажани небулози кои ниту самиот тој не ги разбира.
Обвинувајќи го Министерството за култура за негрижа во делот на заштитата на мозаичниот сегмет од Археолошкиот локалитет Хераклеја, Алаѓозовски свесно заборави да соопшти дека токму реставраторски тим финансиран со средства од Министерството за култура за прв пат во историјата на државата изврши ендоскопски скрининг на теренот во длабочина од 50 сантиметри, по кој се детектирани слабостите на користените материјали за заштита на мозаичните целини спроведувани во шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век.
Врз основа на овие сознанија,Министерството за култура на надлежната институција, Завод и Музеј -Битола исто така и одобри проект за реставрација на мозаикот со користење на нови, најсовремени технички процедури и материјали. Основната цел на проектот е оваа постапка да биде применета во конзервацијата на сите мозаични сегменти, како во Хераклеја – така и на сите останати археолошки локалитети во земјава.
За жал, со својот денешен настап Роберт Алаѓозовски повторно ја политизираше културата и културното наследство, и ја потцени и девалвираше работата на институциите и стручните лица кои долги години работат на овој локалитет. Учеството на стручните лица како професорот Паоло Ракањи од Италија и Академик Бајрам Газанфер во процесот на конзервација, се само потврда за сериозниот пристап со кој Министерството за култура и надлежната институција Завод и Музеј-Битола се зафатија со надминувањето на овој проблем. Во врска со најавите за нов пристап на СДСМ во решавање на проблемите околу заштитата на културното наследство, би сакале да веруваме дека тој првично подразбира основна едукација на лицата како Роберт Алаѓозовски . Денешниот прес покажа дека му е неопходно потребна.Во продолжение следува интегрален текст од демантот на Министерството за култура
Во своето денешно обраќање до ја