Министерство за култура: Алаѓозовски одработува партиска предизборна агенда зададена од своите политички ментори во СДСМ

Министерството за култура реагира на соопштението на СДСМ.Во продолжение интегрален пренос на реакцијата:
Основната разликата помеѓу Роберт Алаѓозовски и Министерството за култура на Република Македонија е во тоа што Алаѓозовски одработува партиска предизборна агенда зададена од своите политички ментори во СДСМ, додека Министерството за култура на Република Македонија е институција која сериозно и посветено ги реализира активностите предвидени со годишните програми за работа,  почитувајќи ги законите и  сложените законски процедури во функција на сите граѓани на Република Македонија.
Кога Роберт Алаѓозовски и СДСМ говорат за заштита на културното наследство во Република Македонија,треба да се потсетат дека во времето  кога имаа можност да ги креираат културните политики во земјава, не реализираа ниту еден единствен проект од областа на заштитата на културното наследство. Алаѓозовски и СДСМ треба да се потсетат дека во време на владеењето на СДСМ  не е изграден ниту реконструиран ниту еден единствен објект со кој би се збогатила културната инфраструктура во Република Македонија. Говорејќи за нивната омилена тема-тендери, Алаѓозовски и СДСМ треба да знаат дека во време на нивното владеење термините закон, процедура и тендер беа само мисловни именки бидејќи сите реализирани договори беа склучувани во четири очи и со непосредни договори.  Дали кога Алаѓозовски и СДСМ говорат за “фамилијата” мислат на фамилијарните односи на лицата кои директно ја реализираа единствената инвестиција на СДСМ во областа на културата- Меморијалниот центар во Пелинце? Министерството за култура уште еднаш најостро ги отфрла сите лаги и инсинуации изнесени во денешното соопштение  на Алаѓозовски и СДСМ, кои како производ на бујната фантазија претставуваат предизборен памфлет за дневно политички цели.Во продолжение интегрален пренос на реакцијата:
Основната разликата помеѓу Роберт Алаѓозовски и Министерството за култура на Република Маке

Пронајдете не на следниве мрежи: