Министерство за култура: Единствените споменици што СДСМ ги остави зад себе се над 600 затворени фабрики и над 200 илјади луѓе без работа

Министерството за култура, го изразува свoето длабоко жалење поради негаторскиот однос на Алаѓозовски и СДСМ кон македонското културно наследство и сопствената историја, се вели во реакцијата на ресорното министерство.
 -Покрај веќе прочитаното сценарио кое подразбира изнесување на лажни и прозволни податоци кои како и обично, немаат никаква врска со реалноста, Алаѓозовски и СДСМ на денешната прес конференција го допреа дното во обидот да го омаловажат денешниот празник 23 Октомври – Денот на Револуционерната борба. Граѓаните на Република Македонија, за жал досега многу пати беа сведоци на таканаречената “грижа” на Алаѓозовски и СДСМ кон сопствената историја. Сквернавењето на рељефот во спомен на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија, уништувањето на плочите во чест на македонското револуционерно движење, како и сквернавењето на рељефите со мотиви од Народноослободителната војна, се најдобар показател за одност на Алаѓозовски и СДСМ кон сопствената историја и култура, стои во реакцијата.
Алаѓозовски и СДСМ, се додава, немаат право да говорат во името на граѓаните, од причина што во декадата на своето владеење со Република Македонија, не изградија ниту еден единствен споменик од културата за граѓаните на кои денес се повикуваат.
-Единствените споменици што Алаѓозовски и СДСМ ги оставија зад себе се над 600 затворени фабрики и над двеста илјади луѓе оставени без работа и истерани на улица. Министерството за култура и понатаму ќе продолжи да ги реализира своите заложби за унапредување на состојбите во сите сегменти од областа на културното живеење како и досега, во корист на сите граѓани на Република Македонија.-Покрај веќе прочитаното сценарио кое подразбира изнесување на лажни и прозволни податоци кои како и обично, немаат никаква врска со реалноста, Ала

Пронајдете не на следниве мрежи: